27 Април, 2024
0.0320

Што се случи со Македонците кои имаат сметки во Швајцарија: Сега ќе се даночи и митото

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Се засилуваат даночните рестрикции за компаниите кои плаќаат даноци во Швајцарија. Во земјата која важеше со години за даночен рај затоа што имаше силни банкарски тајни околу сметките на компаниите, сега се стега обрачот околу нив. Според нови даночни правила кои го усвои швајцарската влада, компаниите од 2022 година веќе нема да можат да го сметаат митото како признат трошок за данок. 

Покрај митото, ќе се даночат и трошоци за финансирање на криминални активности, авансно обештетување на делото.

„Како и досега, домашните кривични финансиски санкции, односно казните и административните кривични санкции, нема да можат да се одземаат од даноци во иднина. Од друга страна, странските финансиски санкции ќе можат да се одземат од даноци во посебни случаи, ако тие ја нарушуваат швајцарската политика или ако компанијата веродостојно докаже дека ги презела сите оправдани чекори за усогласување со законот“, објасни Владата.

Инаку истражување во 2016 година на Меѓународниот конзорциуим за истражувачко новинарство, покажа дека и Македонци чуваат големи пари (барем за наши услови) во швајцарски банки.

Истражувањето покажа дека во швајцарскиот огранок на британската банка ХСБЦ, која им помагала на богатите клиенти да избегнуваат плаќање даноци и да скријат милиони долари има и 9 клиенти од Македонија, кои на 15 сметки имале 164 милиони долари - 11 проценти имаат македонски пасош или се со македонска националност.


Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба