Што се случува со британската фунта?
Објавено во: Економија 03 Јули, 2016 19:03
Kурсoт на британската фунта во однос на американскиот долар се движи околу најниските нивоа во последните 31 година.
Состојбата е таква затоа што вложувачите се внимателни поради можните последици од излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
На крајот од тргувањето во петокот, курсот на британската фунта изнесуваше 1,3270 американски долари, што е 3 % помалку отколку една седмица претходно, а во еден момент падна и на 1,3122 долари, најниско ниво од 1985 година.
Еврото се стабилизираше и неговата цена во однос на американската валута минатата седмица порасна за 0,2% на 1,1235 долари. Еврото порасна и во однос на јапонската валута, за 0,5 % на 114,20 јени,
И доларот порасна во однос на јенот за 0,3% на 102,50 јени.
Минатиот понеделник курсот на фунтата падна на најниското ниво по повеќе од три децении, затоа што беше под притисокот на референдумската одлука на Британија за напуштање на ЕУ. По два дена на пазарите стивна шокот од Брегзит и фунтата надомести мал дел од нејзините загуби.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




