06 Декември, 2025
0.1424

Што се случува со нашето тело кога гледаме хорор филм?

Објавено во: Стил 10 Октомври, 2018 12:06

Добивај вести на Viber

Без разлика дали сте љубител на хорор филмовите или не, ако многу се исплашите, тоа верувале или не може да ви делува добро. Тоа е така затоа што хорор филмовите го „залажуваат“ природниот одговор на вашето тело, предизвикуваат страв, но тој страв е забавен бидејќи не постои вистинска закана. Еве што се случува со вашето тело додека гледате страшни сцени.

Забрзано чукање на срцето

Првото нешто што ќе го забележите по некоја страшна сцена е забрзано срцебиење. Освен тоа, ќе почнете и забрзано да дишете бидејќи во такви тензични ситуации, на вашите мускули им треба кислород во случај да треба брзо да бегаат или да се спасат. Во вакви ситуации, ќе забележите и дека сте суперсвесни за сè околу вас и полесно можете да ги забележите непријателите - дури и лажните. Па затоа кога ќе наидете на многу страшна сцена во филмот, мозокот му вели на телото „АЈДЕ“ и вие најверојатно ќе писнете или потскокнете.

Имате наплив на хормони

При првите страшни сцени на филмот, ќе надојдат и хормоните. Првиот е кортизол - хормонот кој е одговорен за стрес. А потоа доаѓа адреналинот - хормон кој го стимулира вашиот мозок. Овие два хормони го известуваат вашето тело дека во близина има нешто опасно - иако не е вистинска опасност - и создаваат тензија и страв кај вас.

Целиот текст читајте го на Хаштаг.мк тука.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: