20 Декември, 2025
0.0464

Што се случува со валутите – кои зајакнаа, а кои ослабнаа?

Објавено во: Економија 01 Септември, 2016 20:13

Добивај вести на Viber

Растот на американскиот долар денеска забави на меѓународните девизни пазари.

Инвеститорите ќе го почекаат објавувањето на клучниот извештај за вработеноста во САД. Тој треба да помогне во формирањето на краткорочните предвидувања за движењето на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута кон шесте валути остана речиси непроменет во однос на тргувањето во средата и со тоа се држи под највисоките нивоа во последните три седмици од 96,255 поени.

Американската валута кон јапонската се намали за 0,1%, на 103,29 јени, и со тоа се спушти од највисокото ниво во последниот месец од 103,54 јени. Курсот на еврото  на валутните пазари остана непроменет во однос на претходниот трговски ден, на 1,1145 долари.

Британската фунта зајакна за благи 0,1% во однос на доларот, на 1,3150 долари, пред објавувањето на извештајот за активностите во британскиот производствен сектор во август.

Во фокусот на европските инвеститори е извештајот за индексите на менаџерите на набавкaтa (PMI) во британскиот сектор за производство, а по низата главно подобри од очекуваните показатели од британското стопанство кои ги ублажија стравувањата од остро слабеење на активностите по британската референдумска одлука за излегување од Европската унија.

Извештајот за бројот на ноотворените работни места во САД ќе биде објавен в петок. Тој е клучен за оцената на кондицијата на водечката светска економија и предвидувањата за временската рамка во која каматните стапки би можеле да бидат зголемени.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба