05 Декември, 2025
0.2503

Што содржи вечерата за 195 долари во најдобриот ресторан во Њујорк!?

Објавено во: Стил 11 Октомври, 2013 19:33

Добивај вести на Viber

Le Bernardin е најдобриот ресторан за морска храна во Њујорк . Според последното рангирањето на Zagat, овој ресторан е најдобар 12- та година по ред . Се наоѓа во Менхетен и е отворен во 1986 година. Од 1994 година готвач е Ерик Рипер . Наједноставната вечера од 4 јадења тука чини 130 долари по човек . Се нудат и тест менија , кои чинат 330 долари и содржат мали порции од различни јадења. Такво мени е нарачал Адам Голдберг кога го посетил ресторанот во јануари оваа година. Тој ги снимал сите јадења за блогот „A Life Worth Eating“ . Менито кое тој го нарачал е во вредност од 195 долари. Еве што содржи тоа : Туна и foie gras е првото јадење Второто јадење - риба треска во посебен сос на готвачот Октопод со маслинки и француски сос Октопод сервиран со лепчиња Четврто јадење - лангуста со тартуфи .Ова е омиленото јадење на критика од New York Times Пит Велс . Коскена срж со сланина и морски еж . Полусуров лосос , врз кој келнерот налева сос од црни тартуфи . Седмо јадење е гулаш со јастог по унгарски рецепт. Се служи со гарнир од компири. Костур од црвен ориз од Бутан , салата од зелена папаја и вински сос . Десертот е торта со портокал и шербет. Вториот десерт - чоколадни пуканки И конечно сорбе со ванола крем , лимон , ванила и рум. За разновидност ви носат и неколку колачиња .

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: