Што точно значи терминот „Фармакоекономија“ и зошто е важна за Македонското здравство?
Објавено во: Колумни 11 Јули, 2025 08:40
Автор: Филип Ачкоски, М-р по фармација со 20 годишно регионално искуство во развој, набавка, продажба и маркетинг на: лекови, додатоци во исхраната, медицински помагала и козметика. Топедукатор.
Верувам дека големо мнозинство од пациентите и здравствените работници би посакале поголема достапност на модерни терапии во Македонија. Иако овој проблем е многуслоен и оваа колумна нема за цел а го реши, поголема примена на фармакоекономскиот пристап дефинитивно може значајно да ја унапреди нашата ‘’застарена’’ позитивна листа на лекови.

Терминот „фармакоекономија“ за многумина е нејасна, па дури и помалку „страшна“ зборовна кованица. Што всушност значи фармакоекономијата и зошто е важно да ја разбереме?
На едноставен јазик, фармакоекономијата е наука која ги мери трошоците за лекување и што прецизира што добиваме за вложените пари. Таа ги анализира врските помеѓу цената на лековите и терапиите, и здравствените резултати што ги постигнуваме со нив.
Целта не е само да се „намали трошокот“, туку да се види каде е најдобро да ги вложиме нашите ограничени здравствени ресурси, за да се подобри здравјето на што е можно повеќе луѓе.
Мал факт:
Во развиените земји, до 30% од здравствениот буџет оди за лекови. Во Македонија, оваа бројка се движи околу 15% , но со вклучувањето на иновативни терапии, очекувано е да расте.
Во Македонија, каде здравствениот буџет е, благо речено, ограничен, ова станува особено важно. Замислете ако одреден нов лек чини десет пати повеќе од постоечките, а нуди само минимално подобрување на здравјето.
Дали е
оправдано тогаш државата да го плаќа, ако со тие исти пари би можеле да
лекуваме многу повеќе пациенти со други терапии со слична ефикасност?
Токму на овие прашања одговара фармакоекономијата.
Знаевте ли дека?
Некои нови онколошки терапии достигнуваат цена од над 100.000 евра по пациент
годишно, што претставува огромен товар за секоја здравствена каса.
Фармакоекономијата користи различни методи како:
- анализа на трошок и ефект (cost-effectiveness),
- анализа на квалитетот на животот (QALY)
и други алатки за да одреди колку „вредат“ лековите.
Но уште поважно, таа помага да се направи баланс помеѓу иновативноста и достапноста — да не се случи да имаме најмодерни терапии на хартија, а пациентите да останат без нив бидејќи здравствениот фонд не може да ги покрие и истите да мора да се платат од свој џеб (како што за жал е честа пракса кај нас).
Брз пример:
Еден QALY (quality-adjusted life year) се користи за да се измери добиената
година живот со добар квалитет, и е метод кој помага да се споредат различни
терапии.
Во нашата земја, фармакоекономски пристап сè уште се применува скромно а листата на достапни модерни терапии е ‘’тенка’’. Со оглед на тоа што се појавуваат нови, сè поскапи биолошки и генски терапии, ќе мора да ја ставиме фармакоекономијата во сржта на нашето планирање.
Само така ќе обезбедиме правична распределба на ресурсите, каде секој пациент ќе добие соодветна шанса за лекување, а здравствениот систем нема да колабира под тежината на енормните трошоци.
Бројка за
размислување:
Во иднина, се очекува лекувањето со генска терапија да чини помеѓу 300.000 и
2.000.000 евра по пациент, што без фармакоекономија може да го загрози целиот
буџет за лекови.
Фармакоекономијата не значи штедење на сметка на здравјето, туку паметно инвестирање во оние терапии кои ќе придонесат за подобро здравје за што поголема група на наши граѓани. Тоа е патот кон посилен, поправичен и поефикасен здравствен систем кој ќе може да донесе многу подобар квалитет на живот на пациентите во иднина.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





