Што треба да направите со паричето од лепчето за да ве следи богатство и среќа до следниот Божик!
Објавено во: Стил 06 Јануари, 2020 13:01
Според преданијата, сите членови на семејството мораат да го изедат својот дел од лепчето за да во нивниот дом влезе сила и здравје...
Со векови лепчето за Бадник е традиционално кое домаќинките во Македонија го подготвуваат за Бадник. Неизоставен дел од лепчето е паричето, а еве зошто е тоа важно и зошто никако не смеете да го фрлите или задржите за себе.
Покрај масата домаќинот го дели лепчето на секој член на семејството, а се верува дека оној кој во својот дел од лепчето ќе го најде паричето во текот на цела наредна година ќе има среќа, здравје и богатство.
Според преданијата сите членови од семејството мораат да го изедат својот дел од лепчето за да во нивниот дом влезе сила и здравје, а оној кој ќе го пронајде паричето никако не смее да го фрли или заборави.
Се верува дека паричето кое е извадено од лепчето треба да се откупи со други пари од оној кој го пронашол, а потоа се става на икона или покрај неа и се чува се’ до наредниот Божик, бидејќи се верува дека среќникот кој го нашол ќе биде среќен и „полн со пари“ цела година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





