ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ВИКЕНДОТ БЕЗ ДДВ: Скенирајте веднаш и купувајте во продавници што издаваат сметки за македонски производи
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2020 12:44
Наближува викендот без ДДВ, за околу десетина дена отсега.
Оваа владина мерка од четвртиот сет предизвика голем интерес кај граѓаните.
Како што неодамна најави Владата, викендот без ДДВ ќе се случи на 10, 11 и 12 октомври. Тоа всушност ќе биде продолжен викенд кој ќе трае три дена, бидејќи ќе има и еден споен неработен ден поради празникот 11 октомври.
Премиерот Зоран Заев неодамна рече дека оваа мерка треба да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“. Тие за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари. Повратот на целиот платен ДДВ ќе го добијат назад во рок од неколку дена на своите сметки.
Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.
Што можат да купат, каде и по колку? Граѓаните имаат многу нејаснотии. Од Владата за Фактор велат дека ќе има можност за поставување прашања на посебен мејл. Генерално за да им биде вратен ДДВ во цел износ ќе мора да купат се што е македонско - дали храна и каков било производ произведен во Македонија или пак да добијат некаква услуга во домашен дуќан - фризерница на пример. Сепак ќе им се враќа цел ДДВ и на купен компјутер или лаптоп на пример односно се што е ИТ опрема.
Но, што друго треба да знаат граѓаните, и на што ќе треба да внимаваат?
Една од работите што треба да се знае е дека дуќанот од кој што ќе се пазарува, ќе мора да има апарат со фискални сметки, каде што точно е определено што е од македонски производи, а што промет од производи од странство.
Исто така, за да се добие повратот на целиот ДДВ, граѓаните ќе мора фискалната сметка да ја скенираат веднаш, односно само во тие три дена додека важи викендот без ДДВ, а не потоа.
Инаку, како што е познато, за регуларниот поврат на ДДВ, фискалната сметка има рок да се скенира во следните 10 дена откако ќе се пазарува, но за викендот без ДДВ, скенирањето ќе мора да се направи на 10,11 или 12 октомври.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




