Што ве советуваат успешните жени?
Објавено во: Стил 08 Септември, 2013 21:00
Пронајдете ја работата која ќе ве исполнува и бидете флексибилни зошто никогаш не се знае какви можности ќе ви се понудат. Јас почнав да се занимавам со новинарството по дипломирањето и секогаш вложував повеќе отколку што се бараше од мене со цел да го пласирам своето име во јавноста. Секојдневно пратете ги новитетите во весниците, магазините и на блоговите.
Ли Галагер – заменик уредник во магазинот Fortune.
Не се сомневајте во себе. Младите колеги исто како и јас на почетокот на кариерата се плашат и чекаат некој да почне да го цени нивниот труд. Се додека самите не почнете да се интересирате за начинот на кој можете да станете поуспешни, за да дојдете до поголема позиција и заработувачка, никој друг нема да го направи тоа за вас.
Џо Малон – основач на козметичките брендови Џо Малон и Џо Ловс
Без разлика на сите непријатни работи кои ви ги приредува надворешниот свет, секогаш морате да пронајдете начин да ја задржите насмевката на лицето. Не знам да пливам, не знам да возам, го напуштив училиштето на 14 години без никакви квалификации, но сепак го следев мојот сон, а тоа е да создавам козметика. Денес го живејам мојот сон и го работат токму тоа што го сакам.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






