Што вози светот!?
Објавено во: Економија 30 Јуни, 2015 08:11
Тоа е најпродаваниот автомобил во Северна Кореја. Сите податоци за обемот на продажбата, како и за цената му се строго скриени, бидејќи нарачките доаѓаат директно од државата. За машината сепак се знае дека главно ги извршува функциите на такси во главниот град Пјонгјанг. Што се однесува до техничките детали, единствено познато е дека во основата е модел на Hyundai од 2000 година, а производството се врши во Кина.
VW Gol
Тоа е најпродаваниот автомобил во Јужна Америка. Компактниот модел (да не се меша со Golf) излегува уште во 1980 година. Покрај како хечбек, тој се продава и како седан под името Voyage.
Peugeot Pars
Најпродаваниот автомобил во Иран е и еден од најпродаваните модели на Peugeot во историјата на брендот. Тоа нема да биде занемарено, дури со оглед дека "прародителот" на Pars - Peugeot 405, наскоро ќе наполни 30 години.
Matchedje F16
Ова е идниот бестселер во Мозамбик. Производството на овој пикап се одржува од Фронтот за ослободување на Мозамбик, кој сака до 2025 година годишниот обем на производство да достигне 1 милион единици. Машината, природно, е основана од Кинези, кои исто така го контролираат неговото производство.
Mobius II
Најпопуларната машина во Кенија е од локално производство. Таа чини околу 10 000 долари, но конструкцијата и е максимално поедноставена. Моделот доаѓа со 6 или 8 места, а може да носи товар до 500 кг. Погонот е доверен на 2,0-литарски бензински мотор од Toyota.
Honda N-Box
Најуспешниот кеј-кар во Јапонија во последните години. Јапонските машини, опремени со 660-кубика мотор и со должина под 3,4 метри се омилено средство за придвижување во големите мегалополиси. Во 2014 година, речиси секој втор автомобил продаден во Јапонија, влегува во оваа категорија. Конкуренцијата е жестока, па успехот на Honda не е воопшто лесен.
Toyota Avanza
Најпопуларниот модел на пазарот во Индонезија, каде во принцип доминираат токму Toyota и Daihatsu. Годишна продажба на Avanza надминува 200 000 единици.
Wuling Hongguang
Тоа е сонот на секој производител - негов модел да биде продаден на пазарот во Кина. Марката е локална, иако 44% од неа и припаѓа на General Motors. Тајната на мини е во најниската цена - околу 7400 долари. Само минатата година сопственици на нов Hongguang станаа повеќе од 750 000 луѓе.
Обработка: К.К.
Извор: Autoexpress
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




