20 Декември, 2025
0.0326

Штрајк на банкарите во Кипар

Објавено во: Свет 04 Април, 2013 20:02

Добивај вести на Viber

Стотици банкарски службеници излегоа на предупредувачки протест во Кипар организиран од синдикатот на банкарски службеници. Како што пренесе електронското издание на кипарскиот грчки весник „Политис“, банкарите бараат заштита на нивните пензиски фондови во двете најголеми банки на островот, кои сега се преструктуираат според барањата на меѓународните кредитори.

Од синдикатот ЕТИК тврдат дека пензиите на вработените во Банката на Кипар и во Кипарската народна банка (Лајки банк) не се обезбедени.

За време на протестот, вработените во банките ја запреа работата два часа и се собраа пред парламентот во Никозија.

Претходно кипарските банки беа затворени две недели, додека се договараше кредитната спогодба, а повторно беа отворени на 28 март. Притоа беа наметнати ограничувања во движењето на капиталот, за да се спречи одливот на пари од Кипар.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја