19 Декември, 2025
0.0516

ШТРАЈК НА СУДСТВОТО: Вработените излегуваат на улица – протест пред Владата!

Објавено во: Економија 08 Март, 2016 08:09

Добивај вести на Viber

Тридневен мартовски штрајк на судската власт. Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ,УПОЗ,  и Здружението за судска администрација објавија дека е донесена одлука не само за штрајк, туку и протест на улиците. По декемврискиот предупредувачки штрајк и молкот од надлежните во однос на нивните барања, од УПОЗ велат дека оваа одлука е очекувана. Освен законски измени, се бара и зголемување на платите за 5%, но и враќање на старото работно време. Барања: законски измени и повисоки плати … Вработените во судството стапуваат во штрајк. Од ресорниот синдикат УПОЗ информираат дека заедно со Здружението за судска администрација е одлучено штракот да се одржи на 23, 24 и 25 март а ќе биде проследен и со протест пред Министерството за правда, Министерството за информатичко општество и администрација кој ќе заврши пред Владата. Оваа одлука следува по повеќе месечниот молк на институциите, односно иако УПОЗ достави барање и предлог за измена на Законот за судска служба – повратен одговор од Министерството за правда досега немало. “Синдикатот на УПОЗ и ЗСА беа трпеливи и во неколку наврати ги пролонгираа роковите дадените до надлежните органи со надеж дека ќе бидат прифатени. За жал наидовме на незаинтересираност за изнаоѓање заедничко решение иако по предупредувачкиот штрајк од 03.12.2015 година, Министерството за правда беше одржана работна средба со Министерот и заменик министерот за правда и Претседателот и заменик претседателот на Судскиот совет и беше ветена соработка и беше договорено формирање работна група, која подготви нов предлог текст на Законот за судска служба во кој беа опфатени сите предлози и забелешки на Синдикатот и ЗСА“, вели Пецо Грујовски, претседател на УПОЗ и објаснува дека подготвениот предлог текст на Законот веднаш бил предаден во Министерството за правда и било побарано итно разгледување на истиот, прифаќање на предлозите и отпочнување постапка за усвојување нов текст на Законот за судска служба. “Но, оттогаш до денес, Министерството за правда ги проби сите рокови и не се произнесе по предлозите “, велат од УПОЗ и ЗСА. Посочуваат дека нивните барања се прецизни и се потпираат врз реална основа. “Синдикатот на УПОЗ и ЗСА покрај веќе истакнатите барања за измена на Законот за судска служба со овој штрајк ќе побараат и зголемување на платите на вработените во судската администрација, исплаќање на зголемувањето од 5% на јавната администрација и враќање на работното време од 07:30 до 15:30“, велат синдикалците. “Реформски“ или “субјективни“ законски решенија ... Незадоволство од пакетот закон повразани со работата на буџетарите, вработените во образоавнието и културата, веќе изразија и од други гранкови синдикати. Еден од нив беше и Синдикатот за култура. “Сегашното законско решение цениме дека е само алатка за санкционирање и несубјективно оценување. Културата (дури и во едно тесно значење на поимот) е премногу широк феномен за да може да биде опфатена со еден единствен закон. Во него треба да се исфрлат сите членови кои секаде во светот се решаваат во законите за работни односи, како и во колективните договори, но никако во Законот за култура, како на пример прашањата од областа на права од работен однос, класификација на работните места - нивоа и категории; оценување на вработените, намалување на платите и распоредување на пониски работни места, дисциплински мерки, посебни услови за познавање на странски јазици и сертификати за работа со компјутерски програми за канцелариско работење, начини на пополнување на работните места во културата; постапки за селекција на вработување, постапки за унапредување итн. Законот за култура не смее да се обликува како средство за контрола на институциите и вработените и како начин на ставање на културата во тесни бирократски рамки с? со цел полесно манипулирање и управување со вработените во овој сектор", коментираа неодамна културните работници.. Експертите објаснуваат дека Законот за администрација и Законот за вработени во јавниот сектор парктично се две решенија кои се дел од еден пакет а заедничка нивна цел е вработените во јавната служба, државната управа и се што значи буџетар, да се стават под иста капа, односно сите буџетари да бидат административни работници. Според официјалните податоците на Министерство за информатичко општество и администрација бројот на  вработени во јавниот сектор изнесува 128.253 лица во вкупно 1.354 институции.  Но во овие податоци, според досегашните оценки на дел од економистите, не се вбројани и луѓето кои  работат во јавните претпријатија, агенциите, општините, што значи дека бројката не е конечна. Пребукираноста и партизацијата на јавниот сектор експлодира во последнава декада, откако бројот на вработените се удвои. Реализацијата на закон за службеници ја отвори вратата за новата партократија во државната служба. Од друга стран, анализтата на буџетските податоци покажува дека за десет години, или од 2010 година до сега, сума за буџетски плати е зголемена за скоро 50 милиони евра. Трошоците од Буџетот за исплата на плати и надоместоци за администрацијата расте не само како резултат на порастот на платите туку и на бројот на административци. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка