Шулески в година очекува прилив на повеќе странски инвеститори
Објавено во: Економија 31 Октомври, 2018
„Показателите за прометот и индексите на Македонската берза во 2018 се многу позитивни и оптимистички. Порастот на берзанскиот индекс МБИ 10 за околу 40 проценти во однос на почетокот на годината како и удвоениот промет во однос на прометот од целата претходна година се должи најмногу на позитивните финансиски резултати на компаниите кои се издавачи на акциите, но и на поволниот макроекономски момент, фискалната консолидација и ниските приноси од алтернативните можности за инвестирање. Зголемените очекувања за членство во евроатланските интеграции исто така го поттикнаа зголемувањето на прометот и растот на индексот кој ги оцртува состојбите на македонскиот пазар на хартии од вредност. Сето ова помага за враќањето на довербата во домашната економија и пазарот на капитал“.- вели во интервју за Фактор кое може да го прочитате тука.