19 Мај, 2024
0.0299

ШУТО ОРИЗАРИ, ЧАИР, ШТИП, СТРУМИЦА,,, - еве каде ќе завршат 35 милиони евра од турски ТАВ

Објавено во: Економија 27 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Станува јасно кои проекти ќе се финансираат од парите со кои требаше ТАВ да гради карго аеродром во Штип, но поради непостоење на услови, тие ќе бидат наменети за други проекти ширум земјава. 

Портпаролите на Владата Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната прес-конференција ги презентираа детали од одлуката за прераспределба на парите, со кои, како што велат, ќе се финансираат проекти низ целата држава. 

Како што истакна Арсовски, со 35 милиони евра почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 градови. 

Парите се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти.

Портпаролот Хоџа, презентираше дел од проектите предвидени со оваа пренамена. 

Над 1 милиони евра ќе добијат: Шуто Оризари, Штип, Чаир, Струмица, Тетово, Кичево, Струга за проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеењето на граѓаните.

Градот Скопје ќе има на располагање над 6 милиони евра за два проекти: клучката „Момин Поток“ и мостот „Карпош“.  

Во Тетово со вкупно 1,1 милион евра ќе се реконструира училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и ќе се изгради патот „Благоја Тоска“. 

И Кичево со 1,1 милион евра следната година ќе реализира 4 проекти: Реконструкција на Центарот на градот, капела кај православните гробишта, центар за кучиња скитници и блок А, Б, В и котлара.

Во Струмица парите ќе бидат насочени за регулација на порој „Св. Илија“ на потег од базна преграда до слив на река „Водочница“ во Општина Струмица со вкупна проектирана вредност од 1,4 милиони евра.

Во Штип ќе се гради линија 2 со резервоар „Мерите“ - Општина Штип, во вредност од 1,2 милиони евра. 

Со 1,1 милион евра ќе се гради атмосферска канализација во Општина Шуто Оризари, и тоа на 4 улици. 

Во Струга со над 1 милион евра ќе се градат неколку патишта на територијата на оваа општина.

Општина Чаир парите од 1 милион евра ќе ги насочи за да се реконструираат дел од  водоводните мрежи како и мрежите за канализација и фекални води.

Според договорот со компанијата „ТАВ“ склучен во 2008 година и дополнет со 4 анекси, беше предвидено со 49 милиони евра да се изгради и карго аеродром. Промената е направена врз основа на анализа за проценка на економска оправданост од февруари 2020. 

Евентуалната позитивна разлика помеѓу проектираната и изведбената цена, ќе биде уплатена на посебна сметка на Генералниот секретаријат на Владата и парите ќе бидат наменети за чистење на линданот од кругот на фабриката „ОХИС“.

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија