Швајцарците ги отфрлија сите три предлози на референдумот
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2014 21:12
Швајцарците денеска со голем број на гласови ги отфрлија сите три референдумски предлози - да се намалат квотите за доселениците, да се укинат паушалните даноци за богатите странци и Централната банка на Швајцарија да се обрзе да купи огромни количини на злато.
Иницијатива „Стоп за пренаселување - да ја сочуваме нашата животна средина“, која ја покрена асоцијацијата на Екопоп предвидува дека годишно во Швајцарија смеат да се доселат најмногу 0,2 одсто во однос на вкупната популација.
Прелиминарните резултати покажуваат дека таа иницијатива е отфлена со 74 одсто од гласовите, а против укунување на паушалниот данок за богати странци имало 60 одсто гласови.
Иницијативата „Стоп за пренаселување - да ја сочуваме нашата животна средина“ не доби поддржка во повеќето швајцарски кантони. Против иницијативата Централната банка на Швајцарија да се обврзе да купи огромни количини злато гласале 78 одсто од Швајцарците.
Иницијативата е покрената поради став дека Централната банка на Швајцарија во минатото продала премногу од своето злато.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




