05 Декември, 2025
0.0689

Швајцарец освои 93,6 милиони евра на лото!

Објавено во: Стил 24 Август, 2013 14:01

Добивај вести на Viber

Швајцарец се збогати за 93,6 милиони евра на лото. Ова е најголемата сума, заработена во Швајцарија.Богатството (115,5 милиони швајцарски франци) го добил од последниот тираж на лотаријата „Евромилиони", соопштија светските агенции, повикувајќи се на АФП. Жителот од кантонот Вале е среќникот кој успеа да го добие највисокиот износ воопшто доделен на швајцарски играч. Претходниот рекордер од земјата - инаку Португалец по потекло,  освои 99 милиони швајцарски франци, а една недела подоцна стана и татко, потсетува АФП. Чотаријата „Евромилиони" која работи од 2004 година,  собира ливчиња од речиси 20 милиони луѓе во 11 земји. Секој има шанса 1 од 116 531 000 да ги погоди петте профитабилни броеви и двете профитабилни ѕвезди кои обезбедуваат најголем профит. Апсолутен рекорд држи британски играч, на кого лотаријата донесе минатиот август 190 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: