Швајцарија ги „припитоми“ Алпите со најдолгиот тунел во светот!
Објавено во: Свет 01 Јуни, 2016 16:32
Швајцарија се подготвува да го прослави поставувањето на нов светски рекорд со новиот тунел „Готард“, изграден за да помогне за развојот на товарните превози во Алпите.
Врвот Матерхорн може и да е убав, но за многумина Швајцарци планинскиот масив Сен Готард во централниот дел на Швајцарија е многу важен.
„Швајцарија не постои без Готард“, тврди една поговорка во земјата, која со векови заработува од трансевропската трговија.
Откако во 13 век група градители за првпат кренаа дрвен мост во премин преку овие планини, Готард станува главен транзитен правец меѓу Северното Море и Медитеранот.
Денес Швајцарија ќе го отвори најдолгиот железнички тунел во светот, кој поминува под Готард и ветува дека ќе го намали времето потребно за превоз на патници и товар.
Со должина од 57 километри тунелот „Готар“" ќе го урне светскиот рекорд од 53,9 км на јапонски тунел „Сеикан“, кој го поврзува основниот остров Хоншу со северниот остров Хокаидо.
Планирани се неколкудневните прослави за отворањето на тунеот, а и по тој повод Швајцарците имаат добра причина да се откажат од својата вообичаена воздржаност - инженерите го извршија подвигот година порано и без суштинско проширување на буџетот.
Само изградбата на тунелот чини 12,2 милијарди швајцарски франци (12,3 милијарди долари), а цената на целиот проект, вклучувајќи ги дополнителните тунели и железничката инфраструктура, ќе достигне 23 милијарди франци откако активностите бидат завршени во 2020 година.
Проектот е „ремек дело во однос на времето за исполнување, трошоци и политики“, коментира директорот на федералната транспортна агенција Петер Фјуглисталер, цитиран од агенциите.
„Ова е дел од швајцарскиот идентитет“, вели тој за инженерските достигнувања на земјата. „За нас освојувањето на Алпите e како морските откритија за Холанѓаните.“
Одлуката за изградба на алпскиот тунел беше донесена во крајот на 1998 година на референдум, со кој речиси 64% од гласачите го поддржаа планот.
Задржувајќи ја демократската природа на проектот, првиот воз, кој ќе помине низ новиот тунел на 1 јуни, нема да превезе политичари или познати личности, туку стотици обични граѓани кои возењето го добиле на лотарија.
Планирано е тој да биде проследен со воз кој превезувал политички лидери од Швајцарија и странство, а меѓу гостите се очекуваат германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Матео Ренци.
Редовни железнички превози сепак се очекува да започнат непосредно пред Божиќ. Дотогаш се планира низ тунелот да бидат направени околу 3 илјади пробни возења.
Новата линија ќе го скрати патувањето меѓу германскојазичниот Цирих и италиско јазичниот Лугано за речиси два часа, заштеда околу 45 минути од времето кое потребно да се стигне до таа дестинација сега. Тоа е големо подобрување во земја чии граѓани поминуваат со воз во просек 2300 километри годишно.
Економските последици исто така се очекува да бидат значителни.
Во новиот тунел ќе можат да поминуваат 260 товарни воза дневно, откако тој го замени веќе користеотн пократок тунел во регионот, чии дневен капацитет е само 180 воза. До 2030 година се очекува да се удвои и количеството на товари, кои можат да се транспортираат под Готард, наспроти сегашните 1 милијарда.
Родигер Грубе, главниот извршен директор на германскиот железнички оператор Deutsche Bahn, забележува дека проектот „Готард“ е „важна пресвртница во развојот на европскиот железнички транспорт“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




