Швајцарците ја кријат тајната: 4 причини за силниот франак
Објавено во: Економија 19 Август, 2016 10:10
И покрај рекордно ниската каматна стапка и интервенции на девизниот пазар, швајцарскиот франак и понатаму е преценет според мислењето на швајцарската централна банка.
Аналитичарите сметаат дека за тоа постојат неколку причини кои се кријат во самата Швајцарија.
Моменталниот курс на франакот спрема еврото изнесува 1,0839 франци, додека курсот кон доларот е на ниво од 0,9628 франци.
И онака силната швајцарска валута посебно зајакна во последните месеци по одлуката за излез на Велика Британија од Европската унија.
Меѓутоа, статусот на „швајцарецот“ како сигурно пристаниште во време на несигурност не е единствена причина за неговото јакнење. Швајцарските аналитичари за Блумберг истакнуваат дека главна причина за силниот франак се-самите Швајцарци.
„Грубо кажано, околу половина од приливот на капитал доаѓа од швајцарски државјани, што значи дека тие во голема мера допринесуваат за јакнење на франакот“, вели економската аналитичка банка Креди свис.
Статистиката вели дека нивните домаќинства држат рекорден дел хартии од вредност демноминирани во франци, дури 70,4 отсто. Од друга страна, швајцарските пензиски фондови лавовски дел од портфолиото го сочинуваат имот во домашна валута.
Податоците на Креди свис покажуваат дека таквиот имот во второто тромесечие заземало дури 76,5 посто удел во портфолијата.
Тука се и две макроекономски причини.
Каматната стапка на депозити на SNB изнесува -0,75 отсто и е далеку пониска од истоветната стапка на Европската централна банка.
Од друга страна, швајцарската каса бележи вишок од речиси 11 отсто, наспроти просекот на земји кои го користат еврото од само 3,2 отсто.
Сите наведени причини придонесуваат до силниот франак, смета аналитичарот на Адмирал Маркетс Јосип Кокановиќ, но по негово мислење, последните неколку месеци многу поголемо влијание на курсот има британската одлука за напуштање на ЕУ.
„Имено, веднаш по огромниот скок на курсот на франакот во јануари 2015 при што франакот стана екстремно преценета валута, дојде до постепено слабеење во однос на еврото и повеќето валути“.
„Во неделите после референдумот дошло до јакнење на франакот во однос на еврото од приближно четири отсто, што барем засега го запрел трендот на слабеење на франакот кој траел година и пол“, истакнува Кокановиќ.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




