Сиде за семејства, Аланија за млади: Кои се најпопуларните плажи во Анталија
Објавено во: Стил 18 Јуни, 2019 08:28
Анталија и оваа година е топ-дестинација за домашните туристи. Многуте хотели кои нудат „сѐ вклучено“ и „ултра сѐ вклучено“ концепт се една од причните за тоа, но и познатата турска гостољубивост и вкусната храна. Анталија нуди прилично долг морски брег, а добрата плажа е секогаш пресудна за избор на дестинација за летување. За најдобрите и најбарани плажи во Анталија, ни раскажа Сузана Зелениковска, одговорен менаџер за продажба во туристичката агенција „Фибула“.
„Анталија има околу 400 километри долг брег, а плажите се популарни во зависност од местото кое нашите клиенти го бараат. Да почнеме од Кемер. Тој нуди преубави плажи кои што се сместени во залив. Плажата не е само песочна, туку има и ситни камчиња, и токму поради тоа водата е прекрасна, чиста и бистра како солза“, ни раскажа Зелениковска. Поради тие заливи, додава таа, морето е мирно и нема бранови. Кемер го сакаат повозрасните, бидејќи на плажите има природни сенки од зимзелени дрва.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





