15 Декември, 2025
0.1038

СИЛБО, Г'НА, МУКОСКИ: Кои се најголемите добитници на грантови од суспендираната ИПАРД програма?

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Исплатата на ИПАРД средствата, кои секоја година на македонскoтo земјоделство, индустрија и туризам им нoсат непoвратни десетици милиони евра од ЕУ, е суспендирана на неопределено време по коруптивната афера и апсењето на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој, како и други службеници.

Владата ќе ги истражува детално исплатите кои се случувале преку „Платежната агенција“ години наназад, додека ЕУ најавува дополнителни превентивни мерки да ги заштити парите. Загриженост и неизвесност владее помеѓу потписниците на договори во рамки на ИПАРД 3 програмата по корупциската афера во која главен осомничен е директорот Илија Стоилев, по што Македонија донесе одлука за времен прекин на исплатите на парите од програмата.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека тој побарал да бидат сопрени исплатите од програмата за да се спроведе истрага и за рабтењето на агенцијата во минатите години. Од опозицијата излегоа со реакција дека премиерот не ја зборува вистината и дека стопирањето го прави Националниот овластен службеник за авторизација (НОА), институција што делува во рамки на Министерството за финансии, но работи независно, според европски пропишани правила и стандарди.

„Фактор“ за полесно да ја долови целата ситуација до јавноста за тоа за какви средства се работи, преку платформата „Отворени финансии“ ги прикажува тројцата најголеми добитници на неповратните ИПАРД грантови за инвестирање за оваа година.

Најголемит износ од 34.758.765 денари годинава во јули му се испатени на „Жито Клас Силбо“. Оваа фирма пред се ја поседува фурната во скопско Лисиче. Сопственик е Боби Милев, еден од двајцата браќа основачи на „Силбо“.

Втор по износ е земјоделско сточарскиот „Комбинат Струмица“ од Сушица на Горан Митров-Г'на, познат како кумашин на поранешниот премиер Зоран Заев. Оваа фирма годинава добила неповратен инвестициски грант од 24.902.162 денари во јуни.

Следува „Атриум“ од Вевчани. Добропозната фирма во јавноста по големиот број на добиени јавни набавки од државата. Во сопственост е на Бобан Мукоски, братот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски кој ги отвори вратите од Собранието на 27 април 2017. Износот е 20.374.363 денари исплатени во април.

Годишно агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции реализирани од правни и физички лица. Во оваа сума ЕУ има учество од 75 отсто, а со 25 проценти учествува државата. Пет години од исплатата е рокот по кој сопственикот не смее да ја продаде инвестицијата.

Парите се добиваат за инвестиции како од типот: систем капка по капка, модернизација и реконструкција на фарми, индустриска преработка на прехранбени производи, алтернативно земјоделско производство, пчеларство, но и изградба на хотели во рурални средини и области вон град. Најмалку половина од вложените средства се исплаќаат назад, а најмногу тие можат да бидат и 65 отсто.

Годишно има и до 90.000 апликанти. Агенцијата за поддршка на земјоделство и рурален развој парите ги исплаќа откако ќе заврши инвестицијата, со која не смее да се започне пред да биде постигнат договорот.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага