20 Декември, 2025
0.1333

Силен раст на залихите во САД, цените на нафтата паѓаат!

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2016 10:53

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата ослабнале во тргувањето во Азија поради силниот раст на залихите во САД и саудиското отфрлање на предлогот за намалување на производството на таа сировина.

До пресврт на трендот на опоравување на цените дошло после синоќешниот извештај на американското Министерство за енергетика за зголемување на комерцијалните залихи на сирова нафта за 2,1 милион барели, на највисоко ниво во осум децении, и голем раст на залихите на бензин и други нафтени деривати.

Американската „Лесна“ нафта WTI за испораки во март паднала за 27 центи, или 0,88 одсто на 30,50 долари за барел, а сировата нафта „брент“ за априлскте испораки ослабела 33 центи, односно 0,96 проценти на 33,95 долари.

Нафтата WTI претходниот ден скокнала за повеќе од седум посто, додека „брентот“ забележал раст од 5,6 проценти, откако Саудиска Арабија и Русија, двата најголеми произведувачи во светот, се договорија да го замрзнат своето производство на нивоа од јануари, под услов и другите светски нафташи да го следат нивниот пример.

Тоа ги прегреа надежите дека нафтениот пазар ќе се стабилизира, откако цените минатата недела потонаа близу до 13-годишниот минимум.

Растот на американските залихи обично укажува на слабата побарувачка во земјата кој е водечки светски потрошувач на нафта, и претставува лоша вест за пазарот кој се дави во преобилната понуда.

Опоравувањето на цените на „црното злато“ го запре и изјавата на саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир дека Ријад одбива било каква редукција на своето производство на тој енергент.

„Ако другите произведувачи сакаат да го ограничат или да се согласат на замрзнување во услови на прекумерно производство, тоа може да има влијание на пазарот, но Саудиска Арабија не е подготвена да го намали производството“, изјавил Џубеир вчера во интервју за Франс прес.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба