05 Декември, 2025
0.0889

Силно се лобира за Љубчо Георгиевски како „џокер во покер“

Објавено во: Анализа 05 Декември, 2017 07:14

Добивај вести на Viber

Додека во барабанот за наследник на Груевски се вратат имињата на Мицкоски, Милошоски, Попоски, Димовски, Ѓорчев и Јанчев, како „џокер во покер“ се појави името на Љубчо Георгиевски, поранешниот премиер на Македонија од 1998 до 2002 кој во времето додека владееше помина низ воената 2001 година, потпишувањето на Рамковниот договор, како и поразот на изборите од Бранко Црвенковски кој тогаш се врати на премиерската позиција.

Во последните неколку денови се посилно се лобира Георгиевски да биде старо-нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партијата во која ја имаше почесната функција претседател пред Груевски и неговата екипа речиси целосно и да го отстрани наследството на „војводата“.

Според кадрите кои лобираат Георгиевски да се врати во ДПМНЕ на тој начин би се постигнало единство во партијата, постарите членови се уште имале почит кон него, а прифатлив е и за помладите бидејќи ги претставувал вистинските идеали на десницата.

Георгиевски беше политички ментор на Груевски, во неговата влада имаше секогаш место како министер во економските ресори и практично целосно го поштеди од јавноста додека траеше војната во која најголем политички чек платија токму Геогргиевски, претседателот Трајковски и министерот за внатрешни Љубе Бошковски. 

Со заложбите на Георгиевски токму Груевски беше избран за претседател на партијата на тој фамозен конгрес во Охрид каде постоеја шанси победата да ја однесе Марјан Ѓорчев кој подоцна „абдицираше“ формирајќи ја Земјоделската партија, а со себе повлече повеќе кадри незадоволни од развојот на настаните по потпишувањето на Охридскиот договор, последиците врз специјалните воени и полициски единици со расформирањето на „Лавовите“, „Шкорпионите“ и „Волците“ кои Црвенковски ги нарече Зоолошка градина. 

Подоцна Георгиевски јавно говореше дека можеби направил грешка форсирајќи го Груевски кој во последните години на владеењето наметна авторитарни принципи, ја загуши јавната дебата, вршеше голем притисок врз политичките противници, ги поклопи медиумите со партиската пропагандна машинерија, не слушаше критики и забелешки за неквалитетните и штетни политики и ја претвори ВМРО-ДПМНЕ во радикализирана партија каде повеќе членови отворено шират национализам и говор на омраза со прогласување на државни непријатели и предавници. 

Георгиевски би бил навистина чуден избор за нов претседател на ДПМНЕ бидејќи долго време делуваше со неговата Народна партија, па дури влезе и во коалиција со Црвенковски за да го порази како што велеше заедничкото зло на Груевски. 

Последните неколку изборни циклуси имаше незначителни резултати, не успевајќи да освои пратенички мандат, ниту пак на локалните избори освои градоначалник, но секако му помогна на Заев да ја десторзира десницата со што го раситни колку толку верното гласачко тело на Груевски. 

За Георгиевски важи дека е отворен и транспарентен политичар и додека беше премиер во јавноста можеше силно да се чујат критики на негова адреса, па барем не се обидуваше да ги супресира медиумите. 

Сепак, времето од 1998-2002 кое Георгиевско го нарекува „златно“ со слободата на говор и економските слободи при трансформирање на црната во сива економија е премногу далеку за денешните генерации, а тој одамна не е во врвот на политичкиот естаблишмент, уште помалку со базата на ВМРО-ДПМНЕ, па како „аутсајдер“ тешко би добил поголема поддршка, освен ако не се води некоја поголема игра со надворшени влијанија, особено од источна страна каде веќе се води јавна полемика против Илија Димовски на пример како кандидат кој е оценет како послушник на Груевски преку кого би се владеело од сенка. 

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени