05 Декември, 2025
0.0308

Силвија го чува внукот со љубов: Актерката Јана Стојановска во Скопје со синот

Објавено во: Стил 29 Февруари, 2020 12:26

Добивај вести на Viber

Актерката Јана Стојановска, која последниве неколку месеци живее во Букурешт, со сопругот Андрија Бојиќ и со синот Ненад кој има пет месеци, деновиве е во Скопје. Јана вели дека нејзиниот син кој го носи името на покојниот татко, бардот на македонското глумиште, Ненад Стојановски и мајка ѝ, актерката Силвија Стојановска поминуваат квалитетно време заедно додека таа е во Скопје. Дојдена е заради концертот на Раде Шербеџија на кој бев гостинка, и за снимањето на песната  „Кад умре љубав“, која ќе ја работиме со браќата Тавитјан.

„ Силвија и Ненад се видоа за прв пат во Букурешт и тоа беше љубов на прв поглед. Имам сериозен проблем да го оставам , го носам секаде со мене , секаде каде што можам. Кога  не можам, го чува баба му со неизмерна љубов. Искрено, иако бев противник на тоа да имам било каква помош додека е Ненад мал, мора да признаам дека тоа што можам да ја поделам љубовта со баба му и тетка му овде во Скопје е сериозно олеснителна околност. Драго ми е што ќе расте со луѓе кои можат да му подарат богатство од различни аспекти на животот“, ни изјави Јана зборувајќи и за сестра ѝ, актерката Ана Стојановска.

Повеќе од сторијата пренесува Женски Магазин

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: