Симеска Димоска: Инспекторите ќе излезат на терен, но профитните маржи може да ги ограничи единствено Владата
Објавено во: Економија 03 Јуни, 2022 13:09
Анета Симеска Димоска, директорката на Државниот пазарен инспекторат, вели дека инспекциските служби од денес ќе излезат на терен во контрола на поскапувањата во трговијата, но дека не постои механизам во моментов кој би можел да го ограничи растот на цените.
Инспекциските контроли денеска гио најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Рече дека компаниите кои манипулативно ги зголемиле цените за повеќе од 20 отсто изминативе денови, ќе се соочат „со соодветен одговор од државните институции, бидејќи нивното однесување во изминати три дена е некоректно и неморално“.
- Од денес ние ќе излеземе во контрола, но треба да се каже дека надлежностите на нашиот инспекторат се ограничени. Цените во моментов се формираат на слободниот пазар, а профитните маржи единствено може да ги ограничи само Владата согласно Законот за трговија, ни изјави Симеска Димоска.
Битиќи рече дека некои цени нараснале за повеќе од 20 отсто за 24 часа, без при тоа толкави да бидат и производните. Вицепремиерот очекува и извештај од инспекциските наоди. Симеска Димоска тврди дека нема лимит во формирањето на цените без оглед на тоа колкави се трошоците.
- Ние ќе контролираме дали цените се согласно правилникот за водење на евиденција во трговијата на големо и мало. Но повторувам дека единствените ограничувања на профитните маржи беа оние на одредени производи кои изнесуваа 0 и 4 проценти. Во моментов повеќе нема ограничувања во посебни услови, дополни раководителката на ДПИ.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




