СИМПТОМИ НА ОМИКРОН КАЈ ДЕЦАТА: Дури 15 отсто од заразените деца со новата варијанта имаат еден карактеристичен знак
Објавено во: Свет 09 Декември, 2021 13:30
Во последниве недели се зборува за новиот вид на корона вирусот, Омикрон, кој брзо се шири во Европа, а на кој
младите, а со тоа и децата, сега се сметаат за најранливи. Но, како оваа
варијанта на ковид-19 се разликува од другите, открива педијатар од Лондон. Д-р Лојд забележува навистина редок симптом, кој сега е почест кај децата со новиот
вид, а тоа е - осип на кожата.
Доктор Лојд, кој работи како матичен лекар во северен Лондон, забележал дека кај неговите помлади пациенти, односно кај дури 15 отсто од децата, се јавува споменатиот симптом.
Осипот на корона вирусот не е сосема нов симптом, но сепак е исклучително редок кај возрасните. Покрај осипот, д-р Лојд забележал и други симптоми кај младите пациенти со новиот вид Омикрон: замор, главоболка и губење на апетитот.
Во интервју за британската телевизија „SkyNews“, тој вели: „Отсекогаш сме имале мала група пациенти со Ковид 19 кај кои се појавил чуден осип, но до 15 проценти од децата добиваат необичен осип ако се заразерни со Омикрон, па постепено учиме малку повеќе за вирусот.
Појавата на неспецифични симптоми кај децата со оваа болест можеше да се забележи веќе во претходните мутации. Инфекцијата се манифестирала кај некои деца со гастроинтестинални проблеми. Типични симптоми на корона се кашлица, треска и губење на чувството за мирис и вкус. Светската здравствена организација (СЗО) сè уште не ја проширила листата. Причината е што во моментов нема достапни информации дека варијантата Oмикрон значително се разликува од претходните варијанти на корона вирусот.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




