19 Јануари, 2025
0.0302

Синдикатите бараат оставка од Митревски - тврдат работи за свој интерес

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Од Синдикатот на УПОЗ бараат итна и неотповиклива оставка од лидерот Живко Митревски. 

Објаснуваат дека Митревски без одлука на Претседателството или Советот на ССМ, злоупотребувајќи ја својата позиција потпиша Меморандум со ВМРО-ДПМНЕ, што е во спротивност со Статутот и Програмата на ССМ.

„Синдикатот на УПОЗ најостро реагира на штетниот и дрзок чин на Живко Митревски, кој за свои потреби и лични привилегии, го турка синдикатот во партиски канџи.
Без консултации, самоволно, тој на своја рака го потпишал Меморандумот за соработка со политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. За вакво вртење на курсот и занемарување на заложбите на синдикатот да ги штити правата на работниците, а не на партиите, мора да одлучи и заседава Претседателството и тоа со консензус, а не со надгласување или Советот на ССМ како највисок орган. Да биде иронијата поголема говори и податокот што, само неколку дена претходно, Живко Митревски на членовите на Советот им испрати известување во кое им укажува и ги лаже дека е донесена Одлука со која се става своевиден мораториум на сите активности во ССМ. Со тоа како што стои во известувањето ССМ ќе ја промовирал својата непартиска, недржавна, автономна позиција, без да се вклучува во никакви политички процеси, преговарање или агитирање. Тој дури и се заканува со преземање на “своевидни мерки за нивно санкционирање вклучително и кривични постапки”. Ние сме за борба за работничките права, но не и за политичко агитирање и инволвирање. Ние до партиите имаме конкретни барања, а секој наш член самостојно ќе одлучи за кого ќе гласа“ - пишуваат од УПОЗ. 

Велат дека Митревски се бори за свој интерес, а не за работниците. 

Митревски пак бара оставка од претседателот на УПОЗ ,Пецо Грујовски. Во писмено соопштение обвинува дека Грујовски тајно преговара со Ременски, Кирацовски, Јанко Бачев за разлика од ССМ што транспарентно се грижи за обезбедување на континуирани резултати, зголемување на плати,  донесување на историски закони. Наведува дека одлуката за потпишување на меморандумот е со поддршка на 12 од 17 синдикати. 


Можеби ќе ве интересира

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија