Синдикатот на „Еуроникел“ побара средба со премиерот Ковачевски
Објавено во: Економија 10 Ноември, 2023 12:05
Синдикатот на „Еуроникел индустри“ кој претставува 800 вработени во една од компаниите што создаваат најголеми приходи во земјата, побараа средба со премиерот Димитар Ковачевски, но и со други релевантни институции, со цел да се најде решение за спас на комбинатот.
- Ние како синдикален одбор итно бараме прием и средба со премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, со цел да се побара поддршка за изнаоѓање на решение за нашата компанија во која сме вработени и нејзино понатамошно функционирање, информираше за МИА, Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација.
Побарани се средби и со најголемата банка-доверител за помош да се пронајдат евентуални нови инвеститори, кои би ја преземале компанијата и би го овозможиле нејзиното работење, како и состанок со со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и пратениците кои доаѓаат од оваа општина.
- Доколку не наидеме на разбирање и прием од наведените институции ние како СО на „Еуроникел индустри“ заедно со нашите вработени, ќе бидеме принудени да преземеме непопуларни мерки како протести и разни блокади на институции и патишта, а се со цел да се избориме за функционирање на компанијата и обезбедување на нашата егзистенција, додаде Ѓорѓиев
Синдикатот на ,,Еуроникел индустри" претходно со допис до директорот Димитрис Пасос и бордот на ГСОЛ, бара продолжување на производството во фабриката во Кавадарци. Печката само се грее, но не произведува, а вработените стравуваат за судбината на колективот.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




