СИНЏИРИ, ЗАВРТКИ, СЛУШАЛКИ: Во стоматокот на Индиец лекарите нашле 60 предмети
Објавено во: Свет 29 Септември, 2023 19:05
Во стомакот на 35 годишен Индиец се најдени 60 предмети. Јадел остри предмети и затоа има рани во стомакот.
Мaж од Индија, кој две години страда од болки во стомакот, ги зачудил лекарите кои во неговиот стомак пронашле повеќе од 60 предмети кои се користат во домаќинствата, пишува Њујорк Пост. Кулдип Синг дошол во болницата велејќи дека со месеци има треска.
Хирургот Ануп Ханда и гастроентерологот д-р Вишавнур Калра му направиле операција која траела три часа. Пациентот сѐ уште е на респиратор и е во критична состојба.
„За време на рендгенот, најдовме синџири, навртки, завртки, слушалки и многу други предмети во стомакот“, изјави Ајмер Синг Калра, директор на болницата „Мога Медисити“ во Мога, каде што се лекува човекот.
Лекарите му дијагностицирале ментална болест поради која компулсивно голта други предмети освен храна. Според нив, болеста е најчеста кај малите деца, трудниците и лицата со психијатриски пореметувања, меѓу кои аутистичен спектар, интелектуална попреченост или шизофренија.Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




