19 Декември, 2025
0.0387

Синот на Љубчо Георгиевски ќе се испроба во бизнисот со брзи кредити

Објавено во: Економија 22 Јули, 2020 06:59

Добивај вести на Viber

Лав Георгиевски, синот на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, засега не е активен во политиката како својот татко, но затоа ќе се обиде во бизнисот со финансии како основач на финансиско друштво за брзи кредити.

Синот-единец на претседателот на ВМРО-НП е еден од четворицата ко-основачи на финансиското друштво Премиум Фајнанс Доо Скопје, основано на почетокот на јули. Влогот за регистрирање е 100.000 евра, колку што се минимално потребни за да се основа правно лице од ваков тип, односно да му се даде лиценца за работа. Управител е извесен Борис Георгиевски.

Љубчо Георгиевски, премиер на Македонија од 1998 до 2002 чија партија ВМРО-НП е дел од актуелната владеачка коалиција „Можеме“ и победник на предвремените парламентарни извори, за „Фактор“ ја потврди оваа новост, но и порача дека рано е уште сега да се зборува нешто повеќе за тоа затоа што друштвото е основано од млади момчиња-ентузијасти и дека допрва, односно за околу две недели треба да започне со работа.

Последно што беше познато до сега за синот-единец на поранешниот премиер е дека имаше обезбедено стипендија на „Њујорк универзитетот“.и неколку години престојуваше во истоимениот град во САД: Неофицијално, тој таму студираше менаџмент, а предходно средно образование заврши во приватната гимназија „Нова“.

Според последноажурираниот список на Министерството за финансии, во Македонија има повеќе од 20 финансиски друштва, а и понатаму не престанува интересот за влез во овој бизнис. Тоа се гледа и од бројот на овие заемодавачи којшто постојано расте, како и од вкупната актива на овој бизнис сектор што се гледа од податоците при Народната банка,

Освен брзите кредити, во нивната дејност влегуваат и издавањето на кредитни картички и факторинг, односно преземање на ненаплатени побарувања. Првите се регистрирани и добиле дозвола за работа во 2011 година. Повеќето се во Скопје, но ги има и од Битола, Охрид, Прилеп, Струмица и Штип. Основачи се претежно меѓународни субјекти, а има и лица чии имиња барем индиректно се поврзани со политиката.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?