06 Ноември, 2025
0.0343

СИНОТ НА ОСНОВАЧОТ НА СВЕТСКИОТ МОДЕН БРЕНД МАНГО ПОД ИСТРАГА - се сомничи дека го убил својот татко

Објавено во: Свет 18 Октомври, 2025 11:20

Добивај вести на Viber

Трагедијата со смртта на Исак Андик, основачот на светски познатиот моден бренд „Манго“ повторно го тресе каталонскиот моден свет. Шпанските медиуми јавуваат дека по девет месеци од трагичната смрт на Адик се отвара истрага која во фокусот го става синот на покојниот. 

Џонатан Андик, стана главен осомничен за убиство на сопствениот татко, јави Ел Паис.

Како што беше претходно објавено, Исак загина минатиот декември во несреќа на Монсерат, планина која семејството често ја посетувало. Тогашната истрага се водела како трагичен пад, но нови докази, според каталонската полиција, отвораат поинаква приказна.

Весникот наведува дека полицијата не пронашла директни или дефинитивни докази кои би објасниле што се случило во клисурата, но „наишла на низа индиции поради кои се оддалечила од идејата за обична несреќа и се свртила кон можноста за убиство“.

„Ел Паис“ објави дека неговите извори го опишале исказот на Џонатан за тоа што се случило како недоследен, а партнерката на неговиот татко, голферката Естефанија Кнут, им кажала на истражителите дека односот помеѓу таткото и синот бил лош.

Сепак,семејството Андик стои зад Џонатан. Во нивното соопштение се наведува:

„Семејството Андик не коментираше и нема да коментира за смртта на Исак Андик во текот на сите овие месеци. Сепак, тие сакаат да покажат почит кон тековните истраги и ќе продолжат да соработуваат со надлежните органи, како што правеа досега. Тие се исто така уверени дека овој процес ќе биде завршен што е можно поскоро и дека невиноста на Џонатан Андик ќе биде докажана.“

Каталонската полиција потврди дека постапката е доверлива, но негира дека истрагата е затворена. Портпаролот изјави дека „во моментов не може да се споделат детали“. Извори блиски до истрагата тврдат дека се проверуваат комуникациите меѓу Џонатан и неговиот татко во деновите пред несреќата.

Монсерат, симболичната планина на Каталонија, сега стана и симбол на семејна драма што ја потресе Шпанија.


Што се знае за наследникот на империјата?

Џонатан Андик, 44-годишен претседател на „Манго МНГ Холдинг САУ“, ја презел семејната контрола врз холдинзите „Пунта На“ и „Манго“ веднаш по смртта на татко му. Дипломиран во САД, со специјализации од „IESE“, тој ја започнал кариерата во „Манго“ во 2005 година и ја предводел машката линија „Mango Man“ уште од нејзиното основање.

Познат е како човек што ги комбинирал традицијата и новиот маркетинг, но исто така и како строг менаџер, често во судир со дел од раководството.

Минатиот месец се повлекол од оперативните функции за да се посвети на управувањето со семејниот имот.

Џонатан има две сестри: Џудит (41) и Сара (28). Двете се потпретседателки на холдингот и членки на управата. Џудит студирала моден дизајн во Барселона, додека Сара, која е задолжена за недвижностите, живее дискретно во Лондон. Иако нивните имиња ретко се појавуваат во јавноста, се смета дека тие се клучни за иднината на семејната империја.

Кој е основачот на Манго?

Исак Андик, роден во Истанбул во 1953 година, се доселил во Каталонија на крајот на шеесеттите. Својата прва продавница „Манго“ ја отворил во 1984 година во Барселона. Почнал продавајќи маици на пазарите, а станал милијардер со визија дека „модата мора да биде достапна и модерна истовремено“. Контролирал 95 отсто од акциите, а остатокот му го препуштил на извршниот директор Тони Руиз. Неговото лично богатство се проценува на 4,5 милијарди долари.

По смртта на таткото, компанијата „Манго“ направи реорганизација на одборот, во кој влегоа Даниел Лопез, Маргарита Салванс и независни членови како Жорди Каналс и Хорхе Лукаја.

Фото: Принтскрин/Икс

Можеби ќе ве интересира

УБИЛ УКРАИНСКИ ВОЕН ЗАРОБЕНИК: Руски војник е осуден на доживотен затвор

УБИЛ УКРАИНСКИ ВОЕН ЗАРОБЕНИК: Руски војник е осуден на доживотен затвор

ЕУ се подготвува за дополнително заострување на визниот режим за Русите

ЕУ се подготвува за дополнително заострување на визниот режим за Русите

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА 40 АЕРОДРОМИ: САД во хаос поради затворањето на Владата

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА 40 АЕРОДРОМИ: САД во хаос поради затворањето на Владата

Новиот купувач на Лукоил е одлучен: Нема враќање на средствата на Русите дури и по укинувањето на санкциите

Новиот купувач на Лукоил е одлучен: Нема враќање на средствата на Русите дури и по укинувањето на санкциите

СОСТОЈБАТА Е КРИТИЧНА: Русија ги повика украинските војници во Покровск и Купјанск да се повлечат

СОСТОЈБАТА Е КРИТИЧНА: Русија ги повика украинските војници во Покровск и Купјанск да се повлечат

НАПАЃАЧ СО АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ЛУЃЕ ВО ФРАНЦИЈА: Има повредени, дел се критични

НАПАЃАЧ СО АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ЛУЃЕ ВО ФРАНЦИЈА: Има повредени, дел се критични

Тајфунот Калмаеги однесе најмалку 66 животи на Филипините, се движи кон Виетнам

Тајфунот Калмаеги однесе најмалку 66 животи на Филипините, се движи кон Виетнам

„Гласале повеќе од 2 милиони луѓе. Пред четири години помалку од 1,15 милиони. Ве потсеќа на нешто?!“: бура од реакции по изборот на Мамдани

„Гласале повеќе од 2 милиони луѓе. Пред четири години помалку од 1,15 милиони. Ве потсеќа на нешто?!“: бура од реакции по изборот на Мамдани

ПОЧИНА ДИК ЧЕЈНИ - Со децении важеше за една од највлијателните, но и најконтроверзни личности во Америка

ПОЧИНА ДИК ЧЕЈНИ - Со децении важеше за една од највлијателните, но и најконтроверзни личности во Америка