Синот на Зоран Заев стана сопственик на фирма за електрична енергија
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2022 07:30
Душко Заев, синот на поранешниот премиер Зоран Заев, запливува во водите на бизнисот, откако како сопственик основаше претпријатие за производство на електрична енергија.
Синот на Заев е 18-годишен тинејџер, а компанијата која ќе ја раководи го носи името Тотал Енерџи со седиште во Струмица.
Колку што е познато, фамилијата Заеви поседува бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија.
Префиксот „Тотал“ го носат уште две компании во кои стонастотен сопственик е Вице Заев, братот на поранешниот премиер, а тоа се Тотал инженеринг и Тотал електрик. Најпозната компанија на Заеви е Тргопродукт и фирмата-ќерка Мамас.
Семејството Заеви заедно со своите партнери главно делуваат во градежниот бизнис, но се занимаваат и со транспорт, малопродажба, трговија.
Заев на крајот на минатата година ја депонираше оставката од функцијата претседател на Владата до Собранието. Во писмениот документ што беше испратен со собранискиот спикер беше образложено дека за ваквата одлука се решил по исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.
Претседателот Стево Пендаровски изминатата недела рече дека Заев веќе му се вратил на бизнисот во Струмица.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




