Синовите на Стевчо Јакимовски влегуваат во бизнис со напредна медицина заедно со кардиологот Борче Петровски
Објавено во: Економија 20 Септември, 2023 11:56
Синовите на градоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата „ГРОМ“, Стевчо Јакимовски, влегуваат во бизнис заедно со Борче Петровски, поранешен директор на Клинички центар и поранешен директор на Клиника за кардиологија во Скопје
Дамјан и Гоце Јакимовски се основачи на „Фоибос ДОО Скопје“, заедно со специјалистичката ординација по кардиологија „Прима“ во сопственост на познатиот кардиолог Петровски. Фирмата е регистрирана на адресата на ординацијата „Прима“ во зградата во скопски Млечен Ресторан во Карпош. Меѓу основачите се и докторите Роберт и Александар Шумковски, од кои едниот е познат неврохирург, а другиот абдоминален хирург.
Петровски ни изјави дека во наредниот период со свои удели во проектот ќе влезат нови странски содружници од Австрија, Холандија, Канада и Грција, а фирмата најпрво ќе започне со носење на нови напредни технологии и опрема за разни медицински дејности.
- Едниот од синовите на градоначалникот живее во Канада и таму тој има свои контакти со деловни партнери. Така дојде до соработка. Тие сакаа да се вклучат во проектот, а допрва ќе се вклучуваат нови партнери од странство. Целта е да го подобриме македонското здравство и да донесеме нови знаења. Криво ми е што порано доаѓаа пациенти од странство тука, а сега наши одат во Турција само за да стават еден стент, вели Петровски.

Тоа што фирмата е регистрирана со дејност „управување со недвижен имот“, како што вели тој, е само општа назнака. Петровски додава дека проектот е старт-ап кој најверојатно ќе прерасне во приватна поликлиника.
- Ние ќе работиме со стручњаци од странство, со помош на современи технологии и тоа ќе треба да даде придонес да се поправи општото здравство во земјата. Пристапот ќе биде со една нова стратегија и ќе бидат воведени нови процедури на лекување, додава кардиологот.
За оваа информација се обративме и кај градоначалникот Јакимовски, но од негова страна не ни беше овозможено да стапиме во контакт.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




