05 Мај, 2024
0.0234

Сиптоми и превенција за сува кожа

Објавено во: Стил 21 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

 
Сувата кожа обично не претставува посебен проблем, но може да биде непривлечна поради линиите и брчките на лицето кои што се појавуваат. Сериозните состојби на сува кожа (група наследни нарушувања – ichthyosis) понекогаш може толку да го изобличат лицето што создаваат и психички растројства. За среќа, повеќето случаи на сува кожа се резултат на фактори во околината кои можат целосно или делумно да бидат излечени. Такви фактори се изложувањето на многу топло или многу ладно време со многу ниско ниво на влажност и претерано капење.
За сериозните или хроничните состојби на сува кожа потребна е докторска проценка. Но пред тоа, постојат многу работи што можете сами да ги направите, како употребување на хидратантни креми, помалку капење и избегнување на јаки сапуни кои ја сушат косата.
Симптоми Сувата кожа е обично привремен проблем што се појавува само за време на зимскиот период, но постојат случаи и кога тој проблем трае цел живот. И иако кожата е обично најсува на рацете и долниот дел од нозете, ова може да биде различно кај секој човек. Симптомите на сува кожа зависат од вашата возраст, местото на живеење, времето кое го поминувате надвор и причината за проблемот. Доколку имате сува кожа, ќе забележите еден или повеќе од овие симптоми: · Затегнатост на кожата, особено по капење, туширање или пливање · Кожа која изгледа збрчкано и дехидрирано · Кожа која изгледа грубо наместо мазно · Чешање, кое понекогаш може да е многу силно · Слабо или интензивно лупење на кожата · Линии или пукнатини во кожата · Црвенило · Длабоки пукнатини кои понекогаш може да крварат Кога да појдете на доктор Повеќето случаи на сува кожа се подобруваат со мали промени и домашни лекови. Посетете го докторот доколку:
· Состојбата на кожата не се подобри и покрај вашите напори · Сувата кожа е придружена од црвенило · Сувоста и чешањето ви го пореметуваат сонот · Имате отворени рани од чешање · Претерано ви се лупи кожата
Причини Иако причините за сува кожа (ксероза) речиси секогаш може да се пронајдат во околината, постојат и одредени болести кои можат да го променат изгледот на вашата кожа. Причини за сува кожа може да бидат:
· Времето. Генерално, кожата е најсува за време на зимските денови кога температурата и влажноста се ниски. Зимските услови понекогаш ги влошуваат и веќе појавените проблеми со кожата. Вакви проблеми може да се појават и ако живеете во место каде температурите се високи но нивото на влажноста е ниско. · Греење. Парното греење, греалките, камините и печките на дрва го сушат воздухот и ја сушат кожата. · Топли бањи и туширања. Пречестото туширање или капење, посебно кога тоа долго трае а водата е премногу топла, ги руши липидните бариери на вашата кожа. Истото го прави и честото пливање, посебно во вода со високо ниво на хлор. · Силнисапуни. Многу популарни сапуни ги одземаат липидите и водата од вашата кожа. Дезодорансите и антибактериските сапуни се најштетни како и многу шампони кои ви го сушат скалпот. · Изложеност на сонце. Како и сите видови на топлина, така и сончевата топлина ја суши кожата. Но штетата од ултравиолетовите зраци продира подлабоко од површинскиот слој на кожата (епидермис). Најголемата штета се случува длабоко во дермисот, каде колагенските и еластинските влакна се оштетуваат многу побрзо резултирајќи со длабоки брчки и попуштена и незатегната кожа (solar elastosis). Кожата оштетена од сонцето може да изгледа исто како сувата кожа. · Атопичен дерматит. Ова е најчестиот вид на егзема и обично најпогодени делови се лицето, страничните делови на вратот, деловите околу лактите, глуждовите и колената. · Псоријаза. Оваа состојба е карактеристична по брзото натрупување на тврди, суви и мртви кожни клетки кои создаваат дебели красти. · Тироидни нарушувања. Хипотиреоидизмот, состојба која се појавува кога тироидата создава многу малку тироидни хормони, ја намалува активноста на потните и масните жлезди а тоа води до груба и сува кожа. Ризични фактори Иако сувата кожа може да се појави кај секого, шансите за нејзино појавување се поголеми: · Ако сте постари · Ако живеете во сува и ладна клима · Ако пречесто се капете или туширате Компликации Кај лицата кои имаат поголема склоност кон егзема, нетретираната сува кожа може да доведе до: -Атопичен дерматит. Доколку имате склоност кон оваа болест, сувата кожа може да доведе до нејзино активирање, предизвикувајќи црвенило, пукнатини и воспаление. Фоликулитис. Воспаление на фоликулите на влакната. -Целулитис. Ова е сериозна бактериска инфекција на кожните ткива каде бактериите навлегуваат во лимфниот систем и крвните садови. Овие компликациии се случуваат ако системите за заштита на кожата ви се нарушени. На пример, претерано сувата кожа може да предизвика пукнатини кои може да се отворат и да крварат со што им го отвораат патот на бактериите. Терапии и лекови Во повеќето случаи, сувата кожа се негува со хидратантни креми и со избегнување на чести и долги капења и туширања. Во некои случаи докторот може да ви препорача крема која содржи лактична киселина или лактична киселина и уреа. Понекогаш, сувата кожа може да доведе до дерматит и тогаш докторот препишува лосион со хидрокортизон. Доколку ви се појават пукнатини можете да ставате влажни облоги со средство кое би спречило инфекција. Начин на живот и домашни лекови Иако не можеме да имаме беспрекорна кожа, следниве мерки би помогнале во одржување на кожата влажна и здрава:
· Употребувајте хидратантна крема. Хидратантната крема создава заштитен слој над кожата кој ја спречува водата да излезе. Ако кожата ви е премногу сува, употребувајте бебешка масна крема која ќе го спречи испарувањето на водата од кожата. · Употребувајте млака вода и намалете го времето за капење. Топлата бања и честото капење ги отстрануваат маснотиите. од вашата кожа. Намалете го капењето на 15 минути или помалку и употребувајте млака наместо топла вода. · Избегнувајте сапуни кои ја сушат кожата. Доколку имате сува кожа, употребувајте сапуни и шампони кои содржат состојки што ја хидратизираат кожата. Избегнувајте дезодоранси и антибактериски сапуни. Можеби ќе треба да испробате повеќе производи додека не го најдете вистинскиот. Важно е кожата по миењето да ви биде мека а не сува и затегната. · Нанесете крема веднаш по капењето. По капењето, нежно избришете го лицето за да оставите барем малку влажност на него. Веднаш потоа нанесете крема за да ја заробите водата во клетките. · Употребувајте развлажнувач на воздух. Топлиот и сув воздух може само да го влоши лупењето на кожата. Изберете развлажнувач кој можете да си го дозволите и секогаш одржувајте го чист за да се заштитите од бактерии и габи. · Употребувајте материјали кои се добри за кожата. Природните материјали како памук и свила и овозможуваат на кожата да дише. Но волната, иако природна, може да ја иритира кожата. Кога ја перете облеката, употребувајте детергенти без бои и парфеми бидејќи и тие ја иритираат кожата. Доколку овие мерки и употребата на креми со хидрокортизон не ви помогнат, посетете доктор или разговарајте со дерматолог.