Сиромаштијата гази и по децата- расте бројот на неухранети
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2013 12:06
Eдна третина деца во Грција, Ирска, Португалија, Италија и Шпанија доведени се на раб на сиромаштија со строгите мерки за штедење кои ги спроведуваат нивните влади за да ги намалат долговите, се предупредува во новиот извештај на Каритас. Италија и другите европски држави кои добија меѓународна помош создаваат генерација на лошо исхранети и разочарани млади луѓе кои немаат многу шанси да најдат работа, истакнува Каритас во својот извештај, повикувајќи се на статистиката на Евростат, па од европските институции и ММФ бара да ги земат предвид тие податоци пред да побараат нови мерки за штедење.
Финансиски удар
Грција, Ирска, Португалија и Шпанија од 2010 година добија десетици милијарди евра заем од Европската унија и ММФ, под услов да ја намалат јавната потрошувачка и да ги зголемат даноците. Италија таква помош не доби. Во сите пет држави, забележува Каритас, растот на бројот на деца на раб на сиромаштија се поклопува со врвот на кризата во 2008 година и се зголемува од година во година. Во изминатата година домаќинствата во сите пет држави доживеаја финансиски удар, кој посебно беше изразен во Италија, а веднаш потоа и во останатите четири држави. Најтешко го поднесоа семејствата со пониски примања, а на секое четврто семејство домашниот буџет падна многу повеќе од претходните години. Стапката на сиромаштијата на населението растеше во сите држави, а посебно во Шпанија и Грција, каде ризикот од сиромаштија во последната година драстично порасна.
Сиромаштијата посебно ги погодува најранливите групи, па така сиромаштијата кај децата, се истакнува во извештајот е голем проблем во сите пет држави, а посебно во Шпанија и Ирска, каде стапката на сиромашни деца најбрзо расте. Последните достапни податоци од Грција говорат за сериозен раст на сиромаштија кај лица постари од 65 години. Каритас предупредува дека децата се во поголем ризик од сиромаштија или социјална исклученост во однос на остатокот од популацијата, а ризикот од сиромаштија според податоците за 2010 година за нив изнесувал 26,9 отсто. Трендовите зборуваат дека нивото на сиромаштија кај децата во земјите на ЕУ и понатаму ќе расте.
Работа нема
Иако не е вброена во овој извештај, Хрватска го потврдува европското искуство дека децата се меѓу првите жртви на економската криза. Во почетокот на 2011 година, според податоците на системот за социјална помош во Хрватска во сиромаштија живееле 36,538 деца, а денес се повеќе од 40.000, што значи дека нивниот број за само две години пораснал за 10 отсто. Се работи за деца кои зависат од социјална помош бидејќи родителите со своите примања не можат самостојно да ги издржуваат. За споредба, во Ирска уделот на сиромашни деца меѓу популацијата до 18 години се движи околу 20 отсто и годишно расте за околу 2 отсто, додека во Хрватска уделот на сиромашни деца кои зависат од државна помош за сега зазема под 5 отсто од детската популација.
Ни по завршување на училиштето, овие деца немаат многу шанси за подобар живот. Хрватска, според уделот на невработени млади луѓе е на трето место во Европа, веднаш зад Грција и Шпанија, каде невработеноста меѓу младите надмина 50 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




