СИСТЕМОТ ПОТФРЛИЛ И НЕ ЈА ЗАШТИТИЛ ЖЕНАТА ОД КОЧАНИ: Платформата за родова еднаквост бара одговорност за фемицидот

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2023
Oд Платформата за родова еднаквост реагираат дека се случи уште еден фемицид поради непостапување на институциите. Јавноста вчера ја потресе убиството кое се случи во Кочани, каде маж уби жена, мајка на три деца со 40 убоди од нож. Тој претходно бил во љубовна врска со жената, по што ја уценувал со компромитирачки фотографии и видеа. Барал пари, за да не ги објави материјалите. Жртвата од Кочани пред неколку месеци пријавила во полиција дека мажот ја уценува.
„Згрозени од најновиот случај на фемицид, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, се сомневаме дека институциите не постапиле според своите надлежности и бараме да се утврди одговорност. Не, не станува збор за немил или трагичен настан, како што известија некои медиуми, туку станува збор за убиство, фемицид, којшто како таков треба да биде квалификуван и претставуван во јавноста. Затоа што ниту е трагичен случај, ниту е немил настан, туку е убиство на жена - фемицид и е најсериозниот вид на родово базирано насилство. Дали институциите постапиле? Очигледно дека жртвата не добила соодветна заштита и дека системот на заштита потфрлил, особено заради тоа што видовме дека повеќепати било пријавувано од страна на жртвата. Во каков однос биле осомничениот и жртвата во овој случај воопшто не е значајно затоа што станува збор за родово базирано насилство“, стои во реакцијата.
Велат дека ова навистина отвора сомнеж за тоа дали соодветно и со должно внимание било постапувано од страна на институциите и дали пријавите што ги поднела жртвата биле третирани како пријави за родово базирано насилство и дали биле преземени сите соодветни мерки, како од полицијата, зато што жртвата пријавувала во полиција, така и од обвинителството, но и од центарот за социјални работи, како институции кои што треба да пружат заштита на жртвите на родово базирано насилство.
„Пред само еден месец се случи фемицид и во Куманово со две жртви кои исто така неколку пати пријавувале насилство, но и во тој случај институциите не реагирале со должно внимание, навремено и според своите надлежности. Сето ова покажува дека нивото на свесност и на знаење се’ уште е ниско и дека навистина има потреба од зголемување на капацитетите на институциите да постапуваат во овие случаи, затоа што повторно се случува фемицид и веќе не смееме повторно во иднина да се соочуваме со овој проблем. И овој случај го потврдува сознанието дека сите напори за справување со овој проблем се недоволни ако не се придружени со соодветно институционално постапување. Ваквото постапување во случаи на родово базирано насилство само дополнително го зголемува и онака високиот степен на недоверба во надлежните институции. Сето ова значително влијае граѓаните да бидат демотивирани да го пријават насилството, што пак директно ја зголемува веројатноста насилството да кулминира со убиство. Секоја трагична смрт на жена само зашто е жена нѐ остава со горчливото сознание дека сите напори на граѓанскиот сектор за справување со овој проблем (подигнување на свеста, поддршка за жртвите на насилство и застапување за системски промени) се едноставно недоволни ако не се придружени со поширока институционална и општествена акција. Семејното и родово базираното насилство не е приватна работа. Очекуваме дека институциите соодветно ќе ја завршат својата работа во однос на понатамошното постапување по случајот и дека правилно ќе го квалификуваат делото како убиство при вршење родово базирано насилство. Она на што укажува овој и бројни други случаи е потребата институциите да започнат да работат и во рамки на својата превентивна улога за заштита од родово базирано насилство, со цел овие случаи да немаат вакви фатални завршници“, се наведува во реакцијата.
Ги повикуваат и медиумите со должно внимание да известуваат за овој случај, особено ако ги имаме предвид коментарите што ги читаме по објавите на оваа вест, што е особено загрижувачки и покажува дека и јавноста има потреба од зголемување на знаењата во однос на родово базираното насилство и фемицидот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ПОЛИЦИЈАТА ГО РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ ВО КАРБИНЦИ, НЕМА КРИВИЧНО ДЕЛО - но, што кажал 20-годишникот

УШТЕ ЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ОД НОВИНАРОТ ЛАТАС: Нема ниту еден доказ дека во киднапирањето е замешан таткото на девојчето
ДАЛИ ВАЊА БИЛА СТАВЕНА ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ ВО ПОДРУМОТ НА ЗГРАДАТА - од Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација

ЛАТАС: СВОЕВРЕМЕНО И ЈАС ИМАВ УПЛАТЕНО ЗА СТАН КАЈ ПАЛЧО, 10.000 ДОЛАРИ - но се откажав кога видов дека сум трети на список за истиот стан, никогаш не ми ги врати парите

ТОЈ Е ИЗБОР ЛИЧНО НА ПАРТИСКИОТ ЛИДЕР АХМЕТИ - Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец во земјава

СМЕТАМ ДЕКА КОЛЕГИТЕ ОД ТУРЦИЈА ЌЕ ИМААТ ПРЕДВИД ДЕКА СЛУЧЈОТ НЕ СМЕЕ ДА ДОБИЕ ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА - Вилма Рускоска околу барањето за екстрадиција на Палчо

УБИСТВОТО НА НЕВИНО ДЕВОЈЧЕ БИ МОЖЕЛ ДА ГО ИЗВРШИ САМО ЕДЕН ТИП НА ЛУЃЕ - српски психолог објаснува зошто некогаш грешат и татковците

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ - осомничените ги држат во делот на зградата каде што не можат да влезат ни сите чувари

„НА МЕНХЕТН ЛИ ПРОДАВАТЕ СТАНОВИ, НЕНОРМАЛНИ ЕДНИ, 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА СТАНЧЕ ОД 40 КВАДРАТИ“ - актерот Тасевски распали за високите цени во Дебар Малоо
