27 Април, 2024
0.0343

Сите инспекторати ќе пломбираат со лента: Затворање и казна на самото место

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Лента со натпис „Привремена забрана за вршење на дејноста“, заверена со печат на инспекциската служба, потпис на инспекторот и дата на поставување ќе се запечатува на угостителските објекти и производните капацитети, според предлогот за законските измени за заштита на населението од заразни болести, кој веќе е доставен до Собранието и ќе се носи по скратена постапка.

Со новите законски измени, овластување за изрекување на забрана за работа и прекршочен платен налог, кои до сега ги имаше само Државниот здравствен и санитарен инспекторат, добиваат и пазарниот, трудовиот и инспекторатот за транспорт, како и другите инспекторати на централно и локално ниво. Тоа значи дека ќе бидат опфатени сите угостителски објекти, превозници, производствени капацитети, маркети кои не ги почитуваат здравствените протоколи и мерки.

Овие инспекциски служби може да  изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење од 10 до 30 дена и тоа веднаш со усно решение а во рок од три дена ќе треба да го донесе и писменото решение, додека евентуална жалба од сопственикот тоа нема да го одложи.

Казните кои инспекторатите сега ќе можат директно да ги изречуваат се до 3.000 евра за микро, до 6.000 евра за мал, до 18.000 евра за среден и до 30.000 евра за голем трговец. Глобата за одговорното лице ќе биде 1.500 евра, 750 евра за трговец поединец а 250 евра за вработениот.  Инспекторите ќе мора веднаш да издадат прекршочен платен налог доколку се утврди непочитување на мерките против Ковид-19, пишува во предлог-законот.

- Со овие измени сите инспекциски служби добиваат нови, поголеми овластувања за справување со прекршителите на КОВИД протоколите. Досега само Државниот здравствен и санитарен инспекторат имаше овластувања да изрекува мерки, а другите инспекциски служби само поднесуваа кривични пријави за непочитување на протоколите согласно Кривичниот законик, рече вицепремиерот Љупчо Николовски при најавувањето на законските измени.

Следно во Собранието што претстои е законодавно-правната комисија да утврди пречистен текст на Законот за заштита на населението од заразни болести а ќе се обезбедат и усогласени одреби со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоци. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност