15 Декември, 2025
0.0306

СИТЕ НАВАЛИЈА: Овоштар го реши проблемот со недостиг на работна сила

Објавено во: Агробизнис, Балкан 22 Септември, 2018 19:33

Добивај вести на Viber

Дојди- бери - бирај - плати - носи. Без посредник, без данок, без многу прашања, со одмор во природа, по цена за килограм јаболка од една до три куни. 

Свен Доротиќ е 26 годишен овоштар од Хрватска кој доби ваква идеја, откако не можел да најде работници. 

На огласите не се јавуваат луѓе за берба ни за 3 евра по час, пишува Јутарњи лист. 

Иако Доротиќ не измислил топла вода, сепак огласот од минатата среда се покажа ефективен, и многу луѓе се најавиле дека ќе дојдат за да берат јаболка. 

„Првите два - три дена се јавија заинтересирани од нашата околина, но сега имаме повици од Загреб, Ријека, кои би дошле  овде да се одморат и да берат јаболка, би преноќиле и би се вратиле дома“ - вели тој. 

Овоштарникот го имаат од 1991 година, а тој е проширен во 1996 и 2003 година. 

Но, оваа година цените кои се нудат за откуп се смешни. 

фото Јутарњи