19 Декември, 2025
0.0488

Сите што имаат пари на Кипар одат 10 % во минус, земјата пред сериозен финансиски потрес

Објавено во: Свет 18 Март, 2013 01:15

Добивај вести на Viber

Кипарскиот претседател Николас Анастасиадес изјави дека штедачите кои ќе мора да платат данок на банковните депозити во рамките на условите од договорот за добивање на странската финансиска помош без која земјата може да банкротира, ќе бидат обесштетени во акции во банките за кои гаранција ќе бидат идните приходи од гасот, пренесе Макфакс.
Во обраќањето до нацијата коешто во неделата доцна навечер го пренесуваше кипарската јавна телевизија, претседателот Николас Анастасиадес рече дека морал да ги прифати даноците на банкарските депозити во замена за меѓународната помош, бидејќи во спротивно Кипар ќе биде соочен со многу веројатен банкрот. „Решението што го договоривме не е она коешто го посакувавме, но е најмалку болното во оваа ситуација", рече Анастасиадес. Министрите за финансии за 17-те земји членки на еврозоната се договорија за пакет помош за Кипар во износ од 10 милијарди евра, за да ја спасат земјата од банкрот. Кипарскиот парламент за утре ја одложи итната седница на која требаше да се расправа за контроверзниот данок на банкарските депозити. Станува збор за еднократен данок од 6,7 отсто што граѓаните треба да го платат, ако на банкарските сметки имаат помалку од 100.000 евра. Данокот за поголемите банкарски депозити пак, е 9,9 отсто. Ова беше договорено во петокот, со претставниците на Европската унија и меѓународниот монетарен фонд, што предизвика револт во јавноста. По веста за воведувањето на даноците, дел од граѓаните на Кипар побрзаа да ги извадат парите, што може да предизвика колапс во системот на банкоматите. За возврат, Кипар мора да го сопре дефицитот, да го намали банкарскиот сектор кој настрада поради во прв ред поради неговата преголема изложеност на грчкиот јавен долг, и да ги зголеми данок. Како сево ова ќе се одрази на европската економија ќе видиме веќе утре со отворањето на берзите.

Можеби ќе ве интересира

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?