17 Мај, 2024
0.0280

Сите станбени кредити од Халкбанк отсега без трошоци за обработка

Објавено во: Економија, Мои пари 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Халкбанк АД Скопје известува дека сите кредити од портфолиото станбени кредити отсега ќе бидат без трошоци за обработка. До сега, само станбениот кредит со пакет полиса за осигурување беше без трошоци за обработка, додека пак за Comfort станбениот кредит, трошоците за обработка изнесуваат 1% во регуларната понуда, а 0% за време на промотивниот период, кој траеше до 31.08.2020 година. Како резултат на големата заинтересираност, Банката одлучи и во понатамошниот период да нема трошоци за обработка кај двата вида станбени кредити. Промотивниот период за 0% надомест за обработка за Comfort станбениот кредит се продолжува до 31.12.2020 година.

„Нашата банка во континуитет работи на подобрување на своите финансиски услуги, низ целото портфолио. Целта, која што до сега успешно ја остваруваме, се задоволни клиенти. Оваа одлука е донесена како одговор на забележаните трендови во побарувачката на услугите и, се разбира, олеснување на условите при подигање на станбен кредит во пост-кризниот период. Мотото Важни се луѓето останува да е двигател на секоја следна одлука и производ кој ќе произлезе од Банката“, велат од Халкбанк.

Максималниот износ на Comfort станбениот кредит е 200.000 евра, а максималниот рок на отплата е 360 месеци со можност за грејс период до 12 месеци. Минималното учество е 15%. Каматната стапка е 3,3% фиксна за првите 10 години и 4,00 пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот.

Кредитот е со задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје во износ од 1000 мкд годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот. Клиентот склучува Договорот за повеќегодишно осигурување со осигурителното друштво, а осигурeната сума е дефинирана во полисата.

За предвремена отплата на кредитот, надоместот е 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства, а доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремено отплатениот износ. Надоместот се наплатува доколку корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надомест веднаш по добивање на пресметката од банката. Надлежните лица на банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.

Халкбанк АД Скопје соработува со над 100 градежни компании од целата земја. Проверете ги условите и поволностите на станбените кредити на Халк на следниот линк.

Важни се луѓето, важни се и сите нивни потреби.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА