04 Јануари, 2025
0.0344

СИТЕ УБИЕНИ БИЛЕ НЕГОВИ КУМОВИ, ПРИЈАТЕЛИ ДРУГАРИ... - страшни сознанија за монструмот од Цетиње, ако забележите асоцијално однесување, пријавете го

Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Ацо Мартиновиќ, кој го изврши едно од најмонструозните убиства во Цетиње, во ресторан, си пукал во главата откако бил опколен од полицијата. Починал на пат кон црногорскиот Клинички центар.

Ова вчеравечер, како што пренесуваат црноготските медиуми, го соопшти директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ, посочувајќи дека претходно сторителот бил лоциран во населбата Хумци во Цетиње, а местото каде бил сокриен било опколено од полициските сили.

„Полицијата направи прстен околу него. На наредба да го спушти оружјето, си пукаше во главата. При обидот да го пренесеме во болница, им подлегна на повредите“, рече тој.

Се заблагодари на поширокото сеемејство на Мартиновиќ, за кое додаде, дека и помогнало на полицијата да ја открие локацијата каде се наоѓа сторителот.

„Според нив, сторителот имал одредени прекини во комуникацијата со роднините и пријателите, како и дека сите загинати биле негови кумови, пријатели, другари со кои поминувал време. Мотивот за овој чин се уште не е познат“, кажа Шќепановиќ.

Според него, граѓаните треба да се ослободат од предрасудите и стереотипите и кога ќе видат дека некое лице има асоцијално или девијантно однесување, навремено да укажат на таквите околности.

Црногорскиот министер за внатрешни работи, Данило Шарановиќ соопшти дека Мартиновиќ бил изолиран со експресна полициска акција.

„Кога виде дека се наоѓа во безизлена ситуација, се обиде да се самоубие. Не им подлегна на повредите на самото место, туку при транспортот во болница“,
рече министерот.

Според обвинителката Андријана Настиќ, која ја спроведува истрагата за овој случај, во Цетиње се убиени 12 лица, а осомничениот се самоубил. Истрагата е спроведена на шест локации, од кои на пет се случиле убиствата, а една на местото каде осомничениот се застрелал.

На две локации осомничениот убил по четири лица, на третата две деца, а на последните две по едно лице

Тешко повредени се четири лица, кои се хоспитализирани на црногорскиот Клинички центар.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

НА СВОЈАТА СЕСТРА Ѝ ГИ КАЖАЛ ОВИЕ ТРИ ЗБОРА ПРЕД ДА ЈА УБИЕ - другите ги поштедил, дали ова значи дека жртвите не ги бирал случајно

НА СВОЈАТА СЕСТРА Ѝ ГИ КАЖАЛ ОВИЕ ТРИ ЗБОРА ПРЕД ДА ЈА УБИЕ - другите ги поштедил, дали ова значи дека жртвите не ги бирал случајно

„НЕ Е ТОЧНО ДЕКА УБИЕЦОТ СЕ ИЗМЕШАЛ СО ПОЛИЦАЈЦИТЕ, ТУКУ БЕШЕ ОПКОЛЕН...“ - црногорската Полиција го демантира Абазовиќ

„НЕ Е ТОЧНО ДЕКА УБИЕЦОТ СЕ ИЗМЕШАЛ СО ПОЛИЦАЈЦИТЕ, ТУКУ БЕШЕ ОПКОЛЕН...“ - црногорската Полиција го демантира Абазовиќ

ВАКА МАРТИНОВИЌ СЕЕЛ СМРТ, РЕКОНСТРУКЦИЈА ОД МИНУТА ВО МИНУТА - за половина час убиецот од Цетиње зави во црно десетина семејства

ВАКА МАРТИНОВИЌ СЕЕЛ СМРТ, РЕКОНСТРУКЦИЈА ОД МИНУТА ВО МИНУТА - за половина час убиецот од Цетиње зави во црно десетина семејства

ЦРНА ГОРА ЖАЛИ ЗА ЗАГИНАТИТЕ: Во моментот на масакрот во Цетиње имало најмногу девет полицајци

ЦРНА ГОРА ЖАЛИ ЗА ЗАГИНАТИТЕ: Во моментот на масакрот во Цетиње имало најмногу девет полицајци

ДОБИ 20 ДЕНА ЗАТВОР: Босанец поради мрсен бурек се заканил во Будва дека ќе направи масакр полош од тој во Цетиње

ДОБИ 20 ДЕНА ЗАТВОР: Босанец поради мрсен бурек се заканил во Будва дека ќе направи масакр полош од тој во Цетиње

Во Курск убиен војводата на Четничкото движење Братислав Живковиќ

Во Курск убиен војводата на Четничкото движење Братислав Живковиќ

МУ БИЛА ПРЕПИШАНА ТЕРАПИЈА: Убиецот од Цетиње бил асоцијален

МУ БИЛА ПРЕПИШАНА ТЕРАПИЈА: Убиецот од Цетиње бил асоцијален

УБИСТВАТА ВО ЦЕТИЊЕ СЕ ИЗВРШЕНИ ЗА 30 МИНУТИ: Една од жените ранета го земала детето и бегала

УБИСТВАТА ВО ЦЕТИЊЕ СЕ ИЗВРШЕНИ ЗА 30 МИНУТИ: Една од жените ранета го земала детето и бегала

Вучиќ: Странска служба го бараше Коста од Србија, еден ден по масовното убиство во „Рибникар“

Вучиќ: Странска служба го бараше Коста од Србија, еден ден по масовното убиство во „Рибникар“