20 Декември, 2025
0.0407

ОНЕ демантира дека неколку телевизии биле исклучени

Објавено во: Економија 20 Април, 2013 12:05

Добивај вести на Viber

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ како груби шпекулации и дезинформации ги отфрла натписите што се појавија на одредени интернет портали и нивното тврдење дека четирите национални телевизии Канал 5, Алсат М, Сител и Телма плус Алфа Тв биле исклучени и извесно време не биле емитувани на Бум Тв. Како што и сите корисници на Бум Тв знаат сигналот на ниту една од овие телевизии не беше прекинат во ниту еден момент и непречено можеа да ги следат нивните програми. ОНЕ и Диги Плус работат според постојните закони и пропишана регулатива и ги почитуваат потпишаните договори со сите телевизии, се вели во соопштението на ОНЕ по објавената вест. Претходно објавено Пет Телевизии од синоќа извесно време не се емитуваа на „БУМ“ ТВ. Четирите национални телевизии Канал 5, Алсат М, Сител и Телма плус Алфа ги немаше на пребарувачот на дигиталната телевизија во сопственост на ОНЕ. Упатените ова го доведуваат во врска со војната што против ОНЕ ја поведоа националните концесионери. Тие, како што објавија, се здружија против, како што рекоа, превисоката сума за дигитализација на „ОНЕ“. Канал 5, Алсат М, Сител и Телма се обединија против висината на надоместокот за дигитализација што операторот ОНЕ има обврска да ја спроведе до 1 јуни.Тоа националните ТВ куќи ќе  ги чини близу 150 илјади евра годишно по медиум.  Цената, според нив е висока, економски неоправдана и неприфатлива, но и без гаранции за квалитет, коментираат четирите национални телевизии. Телевизиите најавија дека ќе го радикализираат отпорот против, како што велат, драконските цени за дигитализација што треба да ја спроведе ОНЕ. Сепак, какви чекори ќе преземат не кажаа. Дали нивното симнување од платформата на БУМ е дел од тактиката на телевизиите? Претходно, како што напиша Канал 5 телевизиите  веќе ковертираа барање до фирмата ќерка на ОНЕ. Ја повикаа Диги Плус Мултимедија во рок од седум дена да го ослободи декодираниот сигнал кој го емитува Ди Ви Би ТИ платформата БУМ ТВ. Така граѓаните ќе може да ги гледаат програмите на Канал 5, но и останатите национални телевизии во дигитален сигнал. - Следствено на договорите за реемитување на програмските сервиси бараме во рок од седум дена да извршите ослободување на нашите ТВ канали на вашата јавна комуникациска мрежа позната како БУМ ТВ, стои во писмото. Во известувањето до Диги Плус Мултимедија четирите национални телевизии информираат дека во договорите од 26 март 2010 прецизно се уредени взаемните обврски што подразбира пренос на сигналите преку јавната комуникациска мрежа за дигитални тв услуги во наредните десет години. Реакција од ОНЕ: Телекомуникацискиот оператор ОНЕ како груби шпекулации и дезинформации ги отфрла натписите што се појавија на одредени интернет портали и нивното тврдење дека четирите национални телевизии Канал 5, Алсат М, Сител и Телма плус Алфа Тв биле исклучени и извесно време не биле емитувани на Бум Тв. Како што и сите корисници на Бум Тв знаат сигналот на ниту една од овие телевизии не беше прекинат во ниту еден момент и непречено можеа да ги следат нивните програми. ОНЕ и Диги Плус работат според постојните закони и пропишана регулатива и ги почитуваат потпишаните договори со сите телевизии. Информациите и натписите како денешните, ОНЕ единствено ги сфаќа како атак врз најбрзо растечката ТВ платформа во Р.Македонија – Бум ТВ. Бум Тв и во иднина продолжува да работи за доброто на своите корисници практикувајќи високи и професионални критериуми во своето работење.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба