СИТНИ СОПСТВЕНИЧКИ ПРОМЕНИ ВО „РЕПЛЕК“ - Славица Туџарова продаде, а Владимир Пецовски купи акции од компанијата
Објавено во: Економија 13 Март, 2023 12:43
Ситни акционерски промени се случиле во домашната фармацевтска компанија „Реплек“.
Компанијата, преку ценовно чувствителна промена на Берзата извести дека еден од акционерите, Владимир Пецовски купил четири акции, додка, пак, Славица Туџарова-Трајковска, продала 24 акции.
„Известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, РЕПЛЕК АД Скопје објавува промена на сопственоста над 5 отсто.
Акционерот со над 5 отсто, Пецовски Владимир се стекна со 4 нови акции, со што поседува вкупно 1.587 обични акции или 6,12 отсто од вкупниот број на акции. Акционерот со над 5 отсто Туџарова-Трајковска Славица продаде 24 акции, со што поседува 2.976 акции или 11,48 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во ценовно чувствителната информација која компанијата „Реплек“ ја испрати до Берзата.
И всушност, со сегашната промена, акционерската структура на „Реплек“ со акционери кои поседуваат над пет отсто од акциите е следнава.
Најголем акционерски пакет од 11,98 отсто од акциите поседува Душан Пецовски, а Славица Туџарова-Трајковска има 11,48 проценти.
По нив следува Насетел ДООЕЛ, компанија која располага со 9,38 отсто од акциите, а Сава Пензиски фонд има 6,4 проценти од капиталот.
Друштвото за трговија и услуги, Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје располага со 6,13 отсто, додека, пак, Владимир Пецовски поседува 6,12 отсто.
И, самата компанија „Реплек“ си поседува сопствени акции од 5,06 проценти.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




