19 Мај, 2024
0.0268

Ситуацијата се менува од ден на ден, така што инвестирањето во ваква средина може да биде многу неизвесно на краток рок

Објавено во: Финансии 17 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Состанокот на Европската централна банка и неодамнешните податоци за февруарската инфлација во САД се фактори кои вообичаено би биле во фокусот на вниманието на инвеститорите во текот на изминатата недела, но војната во Украина продолжува да ги крои пазарите на капитал. Берзанските индекси и понатаму се под притисок, а движењата на пазарот на суровини и понатаму се непредвидливи.

Во февруари, инфлацијата во САД изнесуваше 7,9%, а деновиве се одржува состанокот на ФЕД. Сè друго освен првото зголемување од 0,25% на основната каматна стапка во циклусот на затегнување би било значително изненадување за пазарот.  Ставовите на ФЕД за тековниот економски развој, инфлацијата и прогнозата за зголемување на каматните стапки на идните состаноци ќе бидат под лупа. Минатонеделниот пад на американската берза се засили, а акциите на секторот за основни потрошувачки производи се најмногу погодени, бидејќи значителни компании во индустријата, како што се Coca-Cola, Pepsi, McDonald’s и Nestle, одлучија да престанат да работат во Русија, која не е еден од клучните, но сепак  е голем пазар. Горенаведените компании веќе ја прекинаа или сериозно ја ограничија продажбата во Русија. Цените на акциите во технолошкиот сектор, исто така, паднаа, а индексот на најголемите американски IT компании, Nasdaq, падна во зоната на мечкин пазар, што значи дека до неодамна, многу високо ценетите инвестиции сега се попривлечни за долгорочните инвеститори.

По првите навестувања за напредок во преговорите меѓу руската и украинската страна, европските акции донекаде закрепнаа. Некои економски податоци од Велика Британија и Германија исто така беа над очекувањата, но степенот на влијанието на кризата со енергија и суровини врз европската економија ќе се види во идните мерења. Затоа, изгледите за иднината првенствено зависат од развојот на геополитичките тензии. Како одговор на променетата макроекономска слика, Европската централна банка изненадувачки објави претходно повлекување на програмата за откуп на обврзници, со што ЕЦБ зазема поостар став од очекуваниот. Клучните каматни стапки во еврозоната засега остануваат непроменети, но во светло на општата состојба, ЕЦБ најави дека ќе направи се што е во нејзина моќ за да ја одржи ценовната стабилност во иднина.

Дивиот пораст на цените на повеќето енергенси и суровини донекаде забави во текот на изминатата недела. Вредностите на фјучерс договорите за нафта, природен гас, пченица, бакар, алуминиум и некои други суровини претрпеа значителна корекција во однос на рекордните вредности постигнати во почетокот на минатата недела. Со таков ненадеен пораст, ваквите падови не се невообичаени и со оглед на сè уште многу неизвесната геополитичка ситуација, не мора да значат пресврт на трендот. За разлика од повеќето други суровини што ги извезуваат Русија и Украина, цената на никелот продолжи да расте нагло. Неговата вредност се удвои за само еден ден. Никелот е важен елемент во батериските ќелии на електричните автомобили, електрониката и медицинските уреди.

Ковид-19 веќе нема значително влијание врз економијата и пазарите на Запад, кои се со висока стапка на имунизирана популација и фокусирани на војната во Украина,  но ситуацијата е многу поинаква во Кина, која што се соочува со најлошиот бран на инфекции од избивањето, пред нешто повеќе од 2 години. Властите во се повеќе градови повторно воведуваат строги рестриктивни мерки, при што 17-те милиони жители на Шенжен се во „ lockdown “. Многу прашања се отвораат и за односот меѓу властите во Пекинг и Русија, кои, според Вашингтон, наводно барале воена опрема и финансиска поддршка од Кина за војната во Украина. Комунистичката партија ги негира обвинувањата, но стравувањата од приклонувањето на Кина кон Путин, што веројатно би значело западни санкции, се рефлектираат во расположението на инвеститорите. Кинеската берза, која претходно беше под притисок поради регулативите на големите технолошки компании и заканите за повлекување на кинеските компании од американската берза, моментално се тргува со историски ниски вреднувања.

На девизниот пазар во последно време добива американскиот долар, кој е безбедно засолниште во време на пазарна неизвесност. Доларот зајакнува и поради очекувањата за построга монетарна политика од ФЕД и силниот американски пазар на труд. Со тоа еврото падна на околу 1,10 американски долари.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:

Ситуацијата се менува од ден на ден, така што инвестирањето во ваква средина може да биде многу неизвесно на краток рок. Зголемувањето на каматните стапки во САД е неизбежно, главно поради повисоката инфлација, но ФЕД во последните денови навести дека порастот ќе биде побавен. Останува отворено прашањето што ќе направи ЕЦБ во услови на зголемена инфлација. Војната и поврзаните нарушувања во логистичките синџири, како и високите цени на енергијата и суровините доведуваат до рецесија, така што централните банки имаат многу помал простор за маневрирање отколку во минатото. Цените на енергијата и суровините продолжуваат да растат. Од друга страна, приносите на банките остануваат негативни, а приносот што го нудат обврзниците е речиси 0. Инфлацијата, сепак, неодоливо ги голта и банкарските депозити и вложувањата во обврзници. Одбранбениот пристап и разновидно портфолио се клучни за заштита на заштедите во оваа ситуација. Затоа, глобално диверзифицираните капитални инвестиции со комбинација на вложувања во обврзници остануваат најатрактивен избор, бидејќи капиталните инвестиции нудат одредена заштита од инфлација, а задачите на обврзниците е да го намалат ризикот на портфолиото. Акцентот е ставен на развиените пазари, каде корекцијата во последните недели ја зголеми атрактивноста на акциите, но сеуште не е време за поголеми инвестиции на пазарот, потребно е инвестицијата да се направи во неколку чекори. И покрај корекцијата, технолошките акции остануваат интересен избор за долгорочните инвеститори, бидејќи нудат раст на бизнисот и следење на идните трендови. Вниманието во моментов е насочено кон материјалите и енергијата, каде што акциите на компаниите во индустријата само полека го следат растот на самите суровини, така што оваа индустрија се уште крие значителни резерви. Приказната за индустријата на снабдување е сложена поради приврзаноста кон руските енергетски извори, особено гасот, но се уште тука се наоѓаат можности. Финансиските акции станаа неатрактивни поради повисоката инфлација и пониските очекувања за зголемување на каматните стапки. Пред сè, да истраеме со програмирани уплати, бидејќи историјата нè учи дека ова е убедливо најдобриот пристап за максимизирање на заштедите. Инвестирањата во тешки, предизвикувачки времиња се покажаа како натпросечни во повеќето случаи во период од пет години или повеќе.


Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат