СЈО бара изземање на претседателот на Врховен суд, се сомневаат дека Вангеловски може да биде пристрасен
Објавено во: Македонија 30 Март, 2017 12:27
Специјалното јавно обвинителство денеска поднесе Барање за изземање на претседателот на Врховниот суд.
Оттаму велат дека барањето е поради тоа што претседателот на судот Јово Вангеловски е опфатен во јавно објавените телефонски разговори и тоа во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд.
„Во согласност со препораките на Европскиот суд за човекови права, непристрасноста на судот е една од основните гаранции на правото на правично судење, така што секое сомнение за пристраснот треба да биде отстрането“, соопштуваат од СЈО.
Изземањето се однесува по одлучувањето за барањето на обвинителството на Марко Зврлевски да се укине притворот на Сеад Кочан.
СЈО се сомнева во неговата непристрасност поради објавениот разговор помеѓу него кога беше исто претседател на Врховниот суд и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во врска со случајот “Глобал“.
Во ексклузивното интервју на Телевизијата 24 адвокатот Вангеловски призна дека гласот во бомбите е негов, односно неговиот разговор со екс министерот за труд и социјална политика Миле Јанакиески е веродостоен. Меѓудругото, Вангеловски најави коректна соработка со Специјалното јавно обвинителство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




