СЈО: Ние одлучуваме за што сме надлежни
Објавено во: 17 Февруари, 2016 19:37
Откако основното јавно обвинителство одби да ги даде предметите за „Маѓар Телеком” предметот за неовластено поседување оружје против Зоран Верушевски и предметот против неговиот син, реагираа од специјалното јавно обвинителство.
Од таму посочија посочи дека не ги бараат предметите за по нив да постапуваат, туку за да провери дали е во негова надлежност постапувањето.
„Предметите ги бараме на иницијатива на засегнатите странки, а во рок од осум дена ќе процениме дали сме надлежни по нив да постапуваме. Законот за СЈО е јасен дека ние ја правиме проценката на надлежноста и нема причина зошто предметите да не ни бидат дадени” – реагираат од СЈО.
Овие три предмети Основното јавно обвинителство Скопје не му ги дава на СЈО со образложение дека тие не произлегуваат од прислушуваните материјали.




