СЈО отвара нова истрага пред избори: Кој е на мета?
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2016
Како што пред неколку дена индиректно специјалната јавна обвинителка Катица Јанева потврди дека се можни нови истраги пред изборите, така и најавија утрово.
На фејсбук профилот каде што СЈО комуницира и ја информира јавноста, соопштија дека денеска во 11 часот ќе ја презентираат новата истрага.
Според напишаното таа истрага, која произлегува од прислушуваните незаконски разговори го носи кодното име „Таргет“.
Кој ќе биде следен на мета на тимот на Јанева ќе дознаеме во 11 часот.
Следете не со нови детали од прва рака.