05 Декември, 2025
0.0229

СКАНДАЛ: Навивач почнал да го удира голманот, го удрил неколку пати додека обезбедувањето не реагирало - повредени се и деца (ВИДЕО)

Објавено во: Спорт 28 Ноември, 2022 12:37

Добивај вести на Viber

Иако целото внимание на фудбалската јавност е насочено кон Светското првенство во Катар, во некои земји се играат натпреварувања од пониска лига, а немили сцени доаѓаат од второлигашот на Турција.

Страшни сцени стигнуваат од Турција, каде дуелот меѓу Гезтепе и Алтај во второто највисоко ниво на натпреварување, беше прекинат по неполни 20 минути игра по нередите предизвикани од хулиганите.


Неколку домашни навивачи и голманот на Алтај беа повредени во хаосот кој започна откако гостинските навивачи со ракети и топовски удари ги погодија трибините со домашните навивачи. Повредени се неколку навивачи, меѓу кои и деца, а мечот е прекинат за да дојдат две амбулантни возила кај повредените.

Верувале или не, во целиот тој хаос, на теренот истрча хулиган од трибините со домашни навивачи и го нападна гостинскиот голман. Го фати корнер знаменцето и неколку пати го удри голманот Озен Озенџ по грбот и главата!


Хулиганот бил совладан и уапсен, а голманот со повреди на главата бил пренесен во болница, додека судиите и играчите биле пренесени во соблекувалните, а натпреварот бил прекинат.


Фото и Видео: Твитер

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: