06 Декември, 2025
0.0944

Скандал: Сопругата на Абрамович обвинета за расизам заради столица

Објавено во: Стил 21 Јануари, 2014 20:04

Добивај вести на Viber

Сопругата на рускиот милијардер Роман Абрамович, Дача Жукова, е обвинета за расизам, откако за списанието „Буро 24/7“ се фотографирала како седи на столица чија основа е црномуреста вештачка манекенка. Фотографијата го скандализираше светот и предизвика лавина реакции на организациите за заштита на човековите права, кои препознаа обид на Жукова да демонстрира доминација на белата над црната раса. Реагираа и организациите за заштита на правата на жените, според кои фотографијата претставува понижување за целиот женски род. Да биде работата уште полоша, фотографијата е објавена токму на Денот на Мартин Лутер Кинг, кој се борел за расна рамноправност во светот. Уредничката на списанието била принудена да ја повлече фотографијата и да ја изреже така што на неа да не се гледа столицата.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: