20 Декември, 2025
0.0427

Скандал во Бугарскиот парламент: Кој е поголем пријател на Русија?

Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2015 13:35

Добивај вести на Viber

На инсистирање на „БСП“ како прва точка на дневниот ред беше поднесен предлог за ревизијата. Ова сепак предизвика жестоки дебати во Бугарскиот парламент.

Од левицата побарале парламентот да гласа за три нешта - укинување на санкциите, бугарскиот кабинет да поднесе таков предлог во ЕУ и да се укинат ограничувањата за патување на руски политичари.

А „БСП“ и „Атака“ се скарале кој е поголем и долготраен поддржувач на Русија.

Денес е очигледно дека бугарската влада има јасна позиција за ова прашање. Директните штети за бугарската економија за овие 10 месеци надминува 100 милиони евра, истакнал Михаил Миков. Се што е поврзано со укинување на санкциите против Русија, „Атака“ го поддржува, истакнал лидерот на партијата Волен Сидеров.

Миков реплицирал дека Сидеров им служи на оние кои не сакаат во Народното собрание да се одржи вистинската дискусија за односите со Русија.

„Вие, Миков, како претседател на „НС“, спречувате да се придвижи ова прашање, па ако има некаде смешно и фарсово однесување, тоа е кај вас“, го нападнал лидерот на „Атака“.

На крајот пратениците го отфрлија предлогот од Миков за проект решение. Со 52 гласа „за“, 47 „против“ и 31 воздржани мнозинството во парламентот одби да го поддржи предлогот на „БСП“ за укинување на санкциите.

Во поддршката на предлог беа од „БСП“, „Патриотскиот фронт“ „Атака“ и „АБВ“. ГЕРБ, реформистичкиот блок, ДПС и "Бугарски демократски центар" гласаа „против“ и „воздржани“.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација