СКАНДАЛ ВО ТУРЦИЈА: Дали исламот забранува купување на луксузни автомобили за функционери?
Објавено во: Свет 13 Декември, 2014 19:57
Највисокиот турски претставник задолжен за верски прашања, Мехмет Гормез, се најде на удар на критиките на турската јавност поради медиумските пишувања дека за негови потреби од парите на даночните обврзници е купен луксузниот автомобил од марката на „Мрецедес“.
Гормез, челникот на турскиот Директорат за верски прашања, наскоро ќе се вози во новиот „мерцедес с500“, кој чини околу 350.000 евра, објави денеска турскиот весник „Хуријет“, пренесува агенцијата АФП.
Директоратот за верски прашања, кој се финансира од буџетот, исто така купил 14 автомобили од марката „Тојота“ за другите претставници на тоа тело, кои претходно се возеле во скромни возила со „рено симбол“, пишува „Хуријет“.
Купувањето на новите луксузни автомобили наиде на остра критика од турската јавност, повеќето муслиманска, но сепак секуларна држава. Многу критичари наведуваат дека таквата екстраваганција е во спротивност со принципите на Исламот.
„Ајде да свртиме телефонска линија за верски прописи и да се запрашаме: зарем Исламот не забранува купување на луксузни автомобили за шефот на Директоратот со пари од даночните обврзници“, напишал на Твитер поранешниот фудбалер и сегашниот пратеник во турскиот парламент Хакан Шукур.
Директоратот за верски прашања, кој во Турција исто така се нарекува и Дијанет, не ги негирал медиумските пишувања за купувањето на луксузни автомобили, но соопштил дека возилата се купени по пат на тендер и дека чинеле помалку од што наведуваат медиумите.
„Сите возила се купени со одобрение на Министерството за финансии, а сите трошоци се декументирани на транспарентен начин“, се наведува во соопштениетона Дијанетот.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




